Претседателот на МОК спреми брз одговор за голманот на Вардар кој денеска одржа прес конференција на која рече дека ќе го тужи МОК на Спортскиот суд во Лозана. Се состои од 5 реторички прашања.
Борко Ристовски во гостување на видео подкаст, повторно распали против првиот човек на КФМ, но овој пат многу подиректно. Потоа пак го критикуваше и Кире Лазаров како селектор. Посочи тројца стандардни играчи зошто не се дел од репрезентацијата.
РК Вардар доби шлаканица во Автокоманда од момците на Кире Лазаров кои не само што ја отворија повторно неизвесноста за титулата во домашното првенство, туку и се вклучија во битката. Македонскиот првак неочекувано загуби од Алкалоид 22:21, а решавачкиот гол го постигна Мартин Серафимов кој беше прв стрелец на мечот со 7 гола, исто колку што постигна Манасков во поразениот тим.
„Се надевам дека репрезентацијата нема да има големи последици, затоа што сè она што го градевме изминативе 15 години, оние резултати кои се боревме да ги достигнеме, не би сакал да видам некој поради лични ега или комплекси да ги сруши и да ја донесе Македонија на ниво каде што беше пред 15 години“.
Куни Моралес со 9 и Филип Талески со 6 гола беа најсилната карика во нападот на Вардар, а разликата на жешкото дерби во Битола ја направи извонредниот Борко Ристовски кој блесна во второто полувреме со 9 интервенции.
Поранешниот голман на македонската репрезентација седна на „Жешко столче“, емисија на Јутјуб која со помош на нејзиното име и прашањата на водителот, знае да открие по некоја пикантерија во спортот.
Актуелниот европски шампион Вардар со тотално несреќно примен гол буквално во последната секунда ремизираше 25-25 (13-12) со Порто и за малку не запиша нова важна победа во Лига на шампиони.
Борко Ристовски прави вечерва мало шоу на мечот против Порто во Лига на шампиони. Постигна 3 погодоци од гол на гол и тоа сите три во првиот дел кој Вардарци го добија 13-12. Ама на другата страна чуда правеше и Никола Митревски (32) кој брани во животна форма.
Видовме многу, доживеавме, уживавме, се гордеевме, се радувавме, а и се нервиравме со нашите ракометни јунаци изминатава декада. Но ајде да се потсетивме кога и како почна таа треска која потоа удри силно, со континуитет.
Како што и се очекуваше, она што ја красеше играта на селекцијата на Јапонија на денешниот меч против Македонија беше брзиот проток на топка и брзата транзиција, но тешко излегуваа на крај со нашиот министер за одбрана. 20 интервенции за Борко Ристовски. Ова е најубавата во јапонски мајагери стил.
Епитетот “министер за одбрана“ за првиот голман на македонската ракометна репрезентација можеше да се чуе во сала и вечерва. Борко блесна со 16 интервенции и “ја поништи“ Романија, а со тоа си обезбеди и трето полувреме. Ќе снема топла вода додека да го пуштат во соблекувална.
Францускиот ракометар Јоан Боаседи кој на прва ни заличи на Жибрил Сисе, му продаде ептен јака финта на нашиот Борко Ристовски. Нема што, ова можеби ќе биде прогласен за пенал на годината во Шпанија.
Откако со 12 одбрани беше најзаслужен што Македонија ремизираше со европскиот шампион Германија, Борко Ристовски го прими големото признание и веднаш отиде да ја прегрне мајка му која го бодреше од првите редови.
Од утрешниот меч против Германија (18:15) зависат неколку сценарија и насоки по кои ќе одат нашите најдобри ракометари. Во втората фаза нè очекуваат мега дуели против Шпанија, Данска и евентуално Чешка/Унгарија.
По бледното издание против Словенија, Борко Ристоски одигра нешто подобар натпревар против Црна Гора, а најважната одбрана на мечот ја имаше во последната минута од средбата. Чуварот на мрежата на Барселона им скроти цепелин на Црногорците и со тоа стави точка на мечот.
На Европското во Хрватска ќе играме во Загреб, во групата Ц против Словенија (13. јануари од 17:15), против Црна Гора (15. јануари 20:30) и против Германија (17. јануари 18:10). Како и секојпат нашите најдобри ракометари ќе имаат поддршка и во сала и од дома.
Македонските репрезентативци Борко Ристовски и Кире Лазаров во сабота со почеток од 18 часот одат на мегдан со Вардар. Прв Фајнлфор за Борко и Вардар, петти за капитенот на Македонија. И двајцата ракометари на Барселона со слични изјави дека вакви натпревари не можат да се предвидат.
Во третото коло од квалификациите за Европското 2018 во Хрватска, ракометарите на Македонија ги победија „рибарите“ од Исланд 30-25 (15-13) и се на добар пат кон ЕП.
Најдобрите македонски ракометари успешно ги започнаа квалификациите за Европското 2018 во Хрватска, иако вечерва потешко од очекувањата славеа над аутсајдерот Украина 27:21 (13:10).
Дека ракометот ни е број 1 спорт доказ плус е страста на фановите кои синоќа половина час ги држеа нашите ракометарите за сликање. Најмногу останаа Наумче, Борко и Гоце, а најголема гужва се направи околу Мојско кој заедно со Миркуловски се простија од репрезентативниот дрес.
Неверојатниот чешки голман Мартин Галија имаше 18 одбрани и беше најзаслужен за тоа што Чешка попладнево ја победи Македонија 28:22, во баражот за Мундијалот во Франција догодина.
„Игравме к’о п**ки. Вака не се бранат боите на Македонија“, изјави Стоилов после мечот во кој Тунис ја победи Македонија 32:26 и најсликовито го објасни дебаклот на македонскиот репрезентативен ракомет вечерва во Полска.
Во борбата за грандиозниот спортски настан во Рио де Жанеиро летово, Македонија вечерва загуби во првото коло од Полска 25:20. Утре играме против Тунис, меч кој може да одговори на многу прашања околу пласманот на Олимписките Игри.