Таг: борко ристовски

Манасков јунак, Македонија во следната фаза

Македонските ракометари во последната секунда од мечот против Србија се изборија за реми кое ги води во следната фаза. Манасков херој на мечот со 10 погодоци од кои и последниот за 27:27.

Ракометарите секогаш по потешкиот пат

Втор пат во историјата ќе играме против домаќинот на едно Европско, а само годинава три пати се судривме со актуелниот европски и светски шампион со кој ќе играме и во Полска. Србија ни е најблизу географски, но не сме играле многу меѓу себе.

Тешки противници за Македонија на ЕП во Полска

Прво со Полска, па со Франција и на крајот со Србија е епилогот од денешната ждрепка за ЕП 2016 кое ќе трае 17 денови.

Македонија се прошета во Швајцарија, ЕП се чекира во недела

Ниту отсуството на главните играчи во репрезентацијата не ја спречија македонската ракометна селекција убедливо да ја победи Швајцарија 17-26 (8-15) во претпоследното коло од квалификациите за ЕП во Полска. Во недела може да го чекираме пласманот на Евро против Чешка во Скопје.

Достоен пораз од светскиот првак, ќе решаваме со Чешка

Македонската ракометна репрезентација загуби од Франција 25-27, по што второто место кое води на ЕП во Полска ќе го бара во дуелот со Чешка. Лазаров со седум погодоци го бомбардираше Омејер, но грешките на крајот значеа и минимален пораз.

Играме со Франција, а мислиме на Чешка и Швајцарија

Актуелниот европски и светски првак, селекцијата на Франција утре вечер за прв пат ќе гостува во Скопје. Селекторот Обрван и нашите ракометари признаваат дека ќе уживаат во мегданот со Триколорите.

Прво место за Борко и Гоце

Најдобрата асистенција од групната фаза на СП Катар ја имаа Мојсо и Столе, а ИХФ направи топ 5 листа на потези кои го одбележаа првиот осминафинален ден. Првата позиција оди кај одбраната на Ристовски и брзата контра на Георгиевски на мечот против Словенија.