Денешната ждрепка во Краков на нашите ракометари за противници им ги донесе домаќинот Полска, актуелниот светски и европски првак Франција и соседна Србија.
На 12-то издание на ЕП ќе играат 16 селекции, сместени во четири групи со по 4 репрезентации. Првите три од сите групи ќе се пласираат во главната фаза, а потоа првите две селекции од двете групи ќе разигруваат за медалите. Дуелите за пласман од 5. до 8. место ќе решат кои ќе патува на ОИ во Рио. Првенството во Полска ќе биде и единствено по тоа што ќе играат сите 10 селекции го имаат освојувано шампионатот.
Домаќини на ЕП ќе бидат градовите: Краков (сала со 15.328 места), Сопот (11.409 гледачи), Катовице (11.500), и Вроцлав (10.000 гледачи). Европското ќе биде воедно и најдолгото во историјата затоа што ќе трае цели 17 дена. Конкуренти на Полска за домаќинство ѝ беа Норвешка и Хрватска, а токму балканската земја ќе го организира следното ЕП во 2018. година.
Најдобар резултат на нашата репрезентација на едно ЕП е 5. место во Србија 2012. година.
Група А (Краков): Полска, Франција, Македонија, Србија.
Група Б (Катовице): Хрватска, Белорусија, Исланд, Норвешка.
Група Ц (Вроцлав) : Германија, Шпанија, Шведска, Словенија.
Група Д (Гдањск) : Данска, Русија, Унгарија, Црна Гора.
Распоред на натпревари во А групата:
Македонија – Франција (15 јануари 2016)
Полска - Македонија (17 јануари)
Македонија – Србија (19 јануари)