Во недела нашите ракометари го играат клучниот натпревар за пласман на ЕП во Полска следната година. Ни одговара и реми со не повеќе од 27 постигнати голови за да го освоиме второто место кое води на шампионатот.
Македонските ракометари триумфално ја завршија групната фаза, откако вечерва убедливо славеа против Австрија 36:31. Со осум бода од пет натпревари го потврдивме второто место и во недела ќе играме против Словенија во осминафиналето.
Македонија игра одлична одбрана и напад, а големи заслуги за тоа носи Хрватот Ивица Обрван, селекторот на нашата репрезентација и тренер на францускиот Шамбери. Пред дуелот со Хрватска вели дека не е напнат и дека можеме многу да добиеме со победа.
Во СЦ Јaне Сaндaнски, на последниот натпревар пред домашната публика пред заминувањето на Мундијалот во Катар, македонската ракометна репрезентација го победи Израел 39:37. Гоце Георгиевски најефикасен со 7 погодоци.
Хрватот Ивица Обрван е избран за нов предводник на машката ракометна репрезентација. Во конкуренција на четворица кандидати, Управниот одбор се одлучи нашите ракометари да ги води селектор од странство.