Ивица Обрван доби поддршка од Управниот одбор на Ракометната федерација на Македонија, која ја превзеде новиот претседател Живко Мукаетов, кој дојде на местото на Михајло Михајловски.
Инаку тој до сега нема водено ниту една селекција, но беше тренер на екипите на Загреб, Горење, Метковиќ и Медвешчак. Со репрезентацијата на Хрватска, како играч го има освоено бронзениот медал на Европското првенство 1994 година.
Ивица Обрван доаѓа на местото на Звонко Шундовски кој по Светското првенство во Шпанија кое се одигра во јануари оваа година, си поднесе оставка.
Останатите конкуренти за селекторската позиција беа Илија Темелковски кој го освои 11 место на Мундијалот во Хрватска, потоа Ристо Магдинчев и Владимир Глигоров.