Обрван го објави списокот за СП Катар 2015

Селекторот на македонската ракометна репрезентација со проверени сили ќе патува на ракометниот Мундијал кој стартува на 15 јануари.

Ивица Обрван се реши за стандарден состав и повика 12 ракометари на актуелниот македонски шампион Металург, петмина на Вардар, и по еден од Прилеп, Барселона, Кретеј и Редебергслидс.

Македонската ракометна репрезентација во Катар ќе патува подмладена со талентираниот Филип Талевски, а повратници се Никола Стојчевски од шведскиот тим Редбергслидс и Владо Недановски од Вардар Јуниор.

Собирот на репрезентацијата е на 21 декември во хотел Русија, а Светското првенство почнува на 15 јануари.

СПИСОК:

1. Борко Ристовски (Кретеј)
2. Никола Митревски (Металург)
3. Петар Ангелов (Вардар)
4. Дејан Манасков (Металург)
5. Гоце Ојлески (Металург)
6. Гоце Георгиевски (Металург)
7. Влатко Недановски (Вардар јуниор)
8. Златко Мојсоски (Прилеп)
9. Стојанче Стоилов (Вардар)
10.Никола Маркоски (Металург)
11. Ванчо Димовски (Металург)
12. Наумче Мојсовски (Металург)
13. Филип Лазаров (Вардар)
14. Ацо Јоноски (Металург)
15. Велко Маркоски (Металург)
16. Талески Филип (Металург)
17. Филип Миркуловски (Металург)
18. Немања Прибак (Вардар)
19. Кире Лазаров (Барселона)
20. Ренато Вугринец (Металург)
21. Никола Стојчевски (Редебергслидс)

РАСПОРЕД:

Македонија – Тунис (16 јануари, 15:00)
Македонија – Иран (17 јануари, 17:00)
Македонија – БиХ  (19 јануари, 17:00)
Македонија – Хрватска (21 јануари, 17:00)
Македонија - Австрија (23 јануари, 17:00) 

15 декември 2014 - 14:43