Голманот на Вардар ја критикуваше селекторската работа на Лазаров за кој смета дека го утнал изборот на играчи и рече дека со играчите треба да изгради пријателски однос.
„Репрезентацијата е апсолудна неправедна и изборот на играчи е доста утнат. Има 7-8 играчи кои не се повикани, а треба да бидат. Втората работа е што мора да имате однос со играчите. Едно е кога сте играч, а друго селектор. Кире Лазаров беше еден од најдобрите играчи на својата позиција во историјата на ракометот. Светски, не наш. Кај нас убедливо најдобар играч. Тоа нема дилема. Но тоа се заборава и таа врата се заборава и сега се отвора нова како селектор.
Кога си тренер или селектор повеќе до израз доаѓаат квалитетите како тренер, но и човечките односи. Треба со играчот да имаш конекција и да го мотивираш за да даде максимум за репрезентација. Треба да имаш пред се пријателски однос. Бидејќи таму не одиш за пари, земаш 15-20 евра дневница. Тука доаѓаат човечките вредности покрај квалитетот и он тука ја утна работата“.
Ристовски посочи тројца стандардни репрезентативци со причина зошто не се дел од тимот.
„Гледаме дека веќе 4-5 играчи одбиваат да настапуваат за Македонија поради тој непочитувачки однос. Во репрезентација се викаат само играчи кои што се млади и немаат карактер да кажат свое мислење. Манасков не е викнат затоа што може да каже дека некои работи не чинат. Талевски откажа затоа што не сака да се бламира. Георгиевски откажа репрезентација затоа што не сака да се бламира.
Немаме никаков однос со Кире, немаме вербален конфликт. Јас имам свое мислење и си го кажувам без разлика што ќе се каже. Јас предупредував на ова уште прошлата година меѓутоа испадна дека Борко не знае. Ова е еден процес во кој ствараме нова генерација и новата генерација, под наводници новата заврши 27-ма“.
Потоа доби прашање во врска со Перо Антиќ за кој отворено и директно кажа работи со кои не може да биде добар пример во општеството.
„Со Перо Антиќ не сум имал никаков контакт, проблем или конфликт. Како спорист е врвен кошаркар. Стигна до НБА, секоја чест и дај боже да имаме уште 10 спортисти како него, но кога стана претседател ка КФМ викам супер после Пеце пак ќе дојде спортист. Неговата прва одлука со најголема букви да стави Северна Македонија. Ниту една друга федерација го има сменето тоа. Тоа го направи за да се упика на власта.
Потоа се слушаа работи низ град што ги правел. Излага, пие, користи бели прашкасти материи. Супер, нека користи тоа е право на избор, но ти си претседател на КФМ. Ти можеш да се тргнеш од таму па прави што сакаш. Додека си таму сносиш одговорност, деца те гледаат, идол си. Имаш функција со која треба да обединуваш и да си пример за општеството. Не заслужува да му биде идол на моето дете. Инаку се сретнавме во Сити Мол и не сакам да бидам во друштво со такви ликови“.
За Кире и репрезентацијата на 1:09:25. За Перо Антиќ на 1:18:25.