Offside

Шпанските медиуми реагираат силно на експлозивната прес конференција на првиот човек на Реал Мадрид. Велат дека се претворила во расправија со недолични коментари, обвинувања и навреди.

Кои познати ѕвезди ќе го пропуштат Светското првенство?

До почетокот на Мундијалот во Катар има уште еден месец, но некои репрезентации веќе имаат отсутни играчи кои речиси сигурно нема да се појават на најголемиот светски фудбалски собир. Со перспективи кои до крај не се јасни, некои веруваат дека можат да се опорават до тогаш.

Ла Лига ви го претставува Столе пантерот

И во новата сезона во Шпанија, кумановецот Столе Димитриевски брани на ниво. Синоќа со Рајо Ваљекано освои голем бод на тешкото гостување во Мадрид против Атлетико, а Ла Лига издвои една негова многу јака парада од викендов против Хетафе (0:0).

Прва НБА вечер и веднаш насладување со шоу на Леброн и Кари

Голден Стеј Вориорс со победа ја зачинија церемонијата на доделувањето на прстените и тоа против Лејкерси од 123:109. Ѕвезди на вечерта Леброн Џејмс и Стефон Кари кои заедно постигнаа 64 поени.

Најсмешниот потег на Харден на стартот на НБА сезоната

Ако денот по утрото се познава, НБА сезоната ќе биде супер атрактивна за гледање. На отворањето Голден Стејт и ЛА Лејкерс одиграа врвен меч, шампионот славеше, блескаа Кари, Леброн и Дејвис. Во Бостон, Селтикс ја добија Филаделфија, а главен актер на мечот беше Џејмс Харден.

Голман во Португалија распали од свој петерец и направи шоу

На второлигашката средба во Португалија меѓу Феиренсе и Мореиренсе гостите победија 1-2, но она што го направи домашниот голман Артур да Силва кој ја зарога топката од свој шеснаесетник и постигна прекрасен гол е хит на колото.

Славјето на навивачите на Лион за Златната топка на Бензема

Карим е всушност продукт на Лион со кој навивачите се гордеат. Постигна 66 гола и освои 7 трофеи во периодот 2004-2009. Погледнете ја сценава од улица.

Поема за Бил Расел на отворањето на сезоната во НБА

Сезоната е број 77 и ќе трае до април 2023-та. Плејоф битките стартуваат на 15 април, а финалето стандардно во јуни. На првите средби Голден Стејт ги совладаа Лејкерски со 123:109, а Бостон славеше против Филаделфија со 126:117. Легендарниот Бил Расел кој има повеќе прстени од прсти на рацете (11 титули во 13 сезони, сите со Бостон), почина летово на 31 јули на 88 години. Селтикси му оддадоа посебна почит.

Бокшиќ да помине на улица нема шанси да го препознаете

Деца, ај малце да одмориме со Халанд и Мбапе. Ако не го знаете ликов, имате за домашно да го научите. Додуше ние ќе ви помогнеме. Играше со Панчев за Југославија, се пензионираше во Премиер лига, а во Скопје намина пред 10 години.

Саша мајсторе, ти од Марвел да не си лик?

На мечот од втора аргентинска лига меѓу Естудиантес Рио Куарто и Депортиво Риестра кој домаќините го добиле со 1-0, домашниот лев бек со име и презиме од регионов, Саша Маршиќ спаси гол како што ни голмани не бранат.

Раџа Наинголан ладно пушел цигара на клупа за резерви

Некогашниот белгиски репрезентативец во еден период од кариерата беше меѓу топ5 најдобри играчи во Европа на неговата позиција. Фанатичен борец кој скоро цела кариера ја помина во Италија, во Пјаченца, Каљари, Рома и Интер. Пред некое време се врати во родниот клуб и град Антверпен каде сега е суспендиран на неопределно време зошто пушел на клупата за резерви.

Тенкиот мраз во Горица по кој оди некогашниот селектор Игор Ангеловски - Мрме

Македонскиот фудбалски тренер кој нашата репрезентација ја одведе на првото Европско првенство во историјата, пред крајот на август потпиша со хрватскиот прволигаш ХНК Горица. Договорот има важност до 2024-та но на Ангеловски не му оди баш најсјајно.

Донеси 54 пива, изгледа ќе има продолженија и пенали

Ти со тие шест комада одма да се тргнеш. Ете така.

Емотивно збогум на Игуаин

После 785 партии фудбал, 366 голови, 127 асистенции и 14 трофеи, аргентинскиот центарфор едвај се одвои од теренот.

Прекрасното видео за Карим во кое зборуваат и Зидан, Анчелоти, Мурињо

Видео снимено за најдобриот играч на светот, Златната топка Карим Бензема кој играше под Мурињо, Зидан, Карло Анчелоти и многу други великани. Заслужено го доби највредното признание затоа што на Реал минатата сезона му донесе пехар во Лига на шампиони и титула во шпанска Ла Лига. Од Реал заминаа играчи како Ван Нистелрој, Раул, Роналдо, Игуаин и други, а тој остана стандарден првотимец.

Бензема излезе во стилот на неговиот идол Тупак, на сцена ја викна и мајка му

„Јас имав три мечти: да ѝ купам стан на мама, да заиграм за Реал Мадрид и да освојам Златна топка“, изјави Карим Бензема кој апсолутно заслужено ја доби наградата за најдобар играч на светот за минатата сезона. До него на сцена беше мајка му Малика а потоа и татко му Хафиз и синот Ибрахим.

Мурињо откри што му кажал на Дејан

Само неколку дена откако седна на клупата на Сампдорија Дејан Станковиќ ремизираше 1-1 на гости кај Болоња во 9. коло, а синоќа изгуби од неговиот некогашен наставник Жозе Мурињо. Сампдорија - Рома 0-1 со голот на капитенот на гостите Лоренцо Пелегрини во 9’ минута. Дорија ја чека грчевита битка за опстанок зошто се убедливо последни со дури 7 порази и 3 нерешени без ниедна победа.

Тричко партали прави на Кипар

Осум дена, три натпревари - 4 погодоци за довчерашниот македонски репрезентативец кој на 35 години не престанува да тресе мрежи.

Овации за Зидан, свирежи за Мбапе

Килијан Мбапе немаше баш пријатен пречек на церемонијата за доделувањето на Златната топка во Париз. Мета е на големи критики од навивачите поради муабетите дека сака да си оди и плус го обвинуваат дека тој е виновник за лошата атмсофера во ПСЖ. На Зидан пак кој го доби признанието на Франс фудбал во годината кога Мбапе е роден, му го скандираа името.

Кралот Карим ја дочека Златната топка

По Рајмонд Копа, Жан Пјер Папен, Мишел Платини и Зинедин Зидан, Карим Бензема стана петтиот Французин во историјата кој успеа да стане најдобриот фудбалер во светот според Франс фудбал.

Модриќ има посебен ритуал на славење во соблекувална

Кога Реал Мадрид ќе добие голем натпревар, Лука оди да им честита на сите. Ама буквално на сите. Од тренер, играчи, масери, стручен штаб. Сите ги испоштува после Ел Класико. Потег со кој се одржува и тимскиот дух.

Кога гледаш фудбал, ама не смееш да викаш зошто спие бебе

Во големото дерби на англискиот фудбал Ливерпул го доби Манчестер Сити 1:0 со гол на Мохамед Салах. Во еден дом каде повеќето членови на семејството и гостите биле навивачи на Ливерпул, бебето спиело па не смееле да урлаат на голот на Салах.

Како БиБиСи ја претстави Македонија пред шамарот во Саутемптон

Биднаа 20 години од нашето најславно реми против една од најславните генерации на Англија. 16 октомври 2002 - 16 октомври 2022. Англија - Македонија 2:2. Овој пат одиме со малку поопширен материјал покрај корнерот на Шаќири.

Ни крива ни должна најдобрата фудбалска судијка на свет соборена на терен

Во Франција се одигра дербито ПСЖ - Марсеј кое го добија домаќините со 1:0 со голот на Нејмар. А во Рен, домашниот состав го пречека Лион и победи 3:2. Овој меч остана во сенка на епизодата со главната судијка, Стефани Фрапар, првата жена судијка во историјата на францускиот и воопшто европски машки фудбал.