Ова што се случува во Интер е многу нејасно. Играат сјајно во Лига на шампиони, ја урнаа силната Бенфика на гости со 0-2 и се на праг од големо полуфинале со градскиот ривал Милан. Од друга страна во Серија А ги шамара кој стигне (Монца, Емполи и разни просечни тимови), па тренерот Инзаги е пред отказ.
На синоќешниот тренинг, последен пред реваншот со Бенфика, за малку не се степале Андре Онана и Марсело Брозовиќ со што Нигериецот сноси голема кривица за епизодата со груб старт врз Хрватот.