„Тренерот ми кажа да одам напред на корнерот. Гледам топката ми доаѓа, а мојот соиграч ја спушта со глава. Тоа беше и негово деби, така што на крај испадна екстра забавно. Топката беше во воздух и ја фатив со ножички. Тоа што влезе во гол на фантастичен начин е остварување на сонот“, вели голманот кој се прослави по цел свет.