После две кола во елитниот Либертадорес, Бока има 4 бода и е прва во групата.
Синоќа Бока прва прими гол од гостите за 0-1, но направи чудесен пресврт. Прво во 89-та минута Луис Адвинкула распали од далечина за еврогол за 1-1, а десет минути подоцна во длабоко судиско продолжение експлозија донесе Алан Варела за победа и три бода: