Изгредникот носел маица со натпис на групата за заштита на животна средина „Just stop oil“ која активно бара од британската влада веднаш да ги прекине проектите со фосилни горива. Втората активистка на другата маса се обидела да се залепи со лепак за снукер масата но веднаш ја спречил судијата Оливие Мартел, па влегло и обезбедувањето.
„Не знам што постигнаа со ова но не треба да им се дава преголем простор зошто се идиоти. Што добија со ова? Сигурен дека постојат други начини да го свртат вниманието кон себе“, изјавил актуелниот шампион Марк Ален за изгредниците кои ги исфрлиле од сала а таму ги уапсила полиција.
„Се надевам дека чојата (материјалот на снукер масата) ќе може да се поправи. Не знаеме што е тоа на масата“, додал седумкратниот шампион Стивен Хендри.