Ферскиот потег на месецот стигна од Норвешка

ФИФА и УЕФА сигурно ќе знаат да го наградат потегот кој го направи фудбалерот на норвешки Бран, Бард Фине кој изведе извонреден фер-плеј гест на мечот против ОД во норвешката елитна прва лига.

28-годишниот центарфор на Бран при една силна контра на неговиот тим во 22-ра минута од мечот, примети дека на тревникот останал да лежи еден од домашните дефанзивци, па затоа ја прекина акцијата која можеше да заврши со гол за неговиот тим при резултат 0:0.

 

18 април 2023 - 11:50