Веста за помошта на Комити во Вардар одекна во познат светски медиум

Најверните навивачи на Вардар кои дишат со играчите на секој меч, направија гест кој ретко се гледа во фудбалот. Го пренесоа Inside World Football.

Македонскиот спортски бренд со 75 годишна традиција, 11 првенствени титули, домашни купови, Куп и титула во Југославија како и прв и единствен претставник на Македонија во Лига Европа оставен е на просјачки стап.

Во ситуација кога никој не му помага финансиски, а управата должи 12 плати, Комити во пресрет на Велигден собраа пари им ги дадоа во плик.

Плус постојано им помагаат и со купување лекови, обезбедување терени за тренинзи, па се до организација на првенствените натпревари, со цел да имаат некави услови за играње.

Inside World Football ја објави веста за прекрасниот гест на навачите кои најавуваат борба до крај.

Соопштението на Комити:

ВАРДАР - КЛУБ НА НАРОДОТ!

По натпреварот против Гостивар, дознавме дека "директорот" на клубот, Слободан Крстевски - Цобе, на фудбалерите не им ги исплатил ветените мининални финансии. Човекот кој во секој сегмент ја изневери нашата и довербата на фудбалерите, нема да го коментираме. Не е достоен за коментар!

Би сакале само да ја информираме јавноста, дека како група одлучивме, во пресрет на најголемиот христијански празник Велигден, на сите фудбалери, и на стручниот штаб, да им подариме симболична финансиска помош. Знаеме дека тоа не е доволно, дека заслужуваат повеќе, но е искрен гест, со кој јасно порачуваме дека нивната болка е и наша болка. 

Приходот од продадените билети, решивме да ги искористиме на овој начин. 

Воедно, сакаме да ја информираме јавноста дека пред почетокот на втората полусезона, како група финансиски помогнавме и допринесовме кон тоа да клубот продолжи да функционира. Континуирано помагаме во секој сегмент, од купување медикаменти, преку обезбедување терени за тренинзи, за сите категории фудбалери, до целосна организација на сите тековни натпревари. Сето ова, го правиме со цел, нашите фудбалери - херои, да имаат достојни услови за играње!

За крај, благодарност до илјадниците навивачи, кои ја препознаа нашата борба, кои вчера беа на стадионот во Маџари и околу него. Борбата за Вардар е борба за Македонија. Вардар е клуб на народот, бил и ќе остане. Затоа не може да се уништи!

Борбата продолжува!

Грнчаров: Момците играат без 12 плати и повеќето без никакви финасии за нормален живот 

Играчите на Вардар сами се снаоѓаат за вода, ручек, превоз, перење на дресови

Слободан Крстевски: Покана до нашите стопанственици, почитичари и државници да се вклучат во борбата за Вардар

18 април 2023 - 12:21