Фудбалерите на Милан не само што го издржаа жестокиот притисок на Наполитанците во првите 45 минути, туку успеаа да обезбедат и водство. Жиру промаши пенал и зицер, но погоди од трета мајка, благодарение на неверојатниот трк на Рафаел Леао кој реши тројца чувари и му ја даде на тацна.