Навивачите на белградски Партизан често му замеруваат на српскиот претседател Александар Вучиќ што во време на негова власт премногу е протежирана Црвена Звезда. Тој и самиот неколку пати раскажувал како на времето растел на северната трибина од стадионот „Рајко Митиќ“, а има и едно видео во кое ја потврдува својата приврзаност кон црвено-белите.