16 години од најлудиот гол во кариерата на Меси

Мошне храбро е некој да се осуди да каже „најубав гол“ на Лео во кариерата, зошто тој даде преку 800 и тоа на највисоко ниво, во најсилните европски турнири, во Јужна Америка, на Светски првенства и разни Купови. Но она што го направи на 18-ти април 2007-ма година на „Камп Ноу“, во 28-ма минута од мечот Барселона - Хетафе е дефинитивно број 1.

Интересно, Барселона, најголемата љубов на Меси, денес објави видео од овој гол и како уште еднаш да најави дека постои голем заеднички интерес пак да се сретнат од јуни.

И тоа со култниот коментар на Хоаким Мариа Пујал, коментатор на Радио Каталуња:

 

18 април 2023 - 15:07