Offside

Понекогаш на второлигашките натпревари во земјава се игра подобар фудбал и настапуваат поталентирани играчи дури и од оние во прва лига. Доказ за ова е и средбата меѓу Слога Виница и Победа Прилеп која заврши 4-2 а на која Стефан Насковски од гостинската екипа постигна велелепен погодок!

Украински проектил во Серија А

Италија го има голот на месецот и сигурно еден од најјаките слободни удари на сезоната. Мајсторот е Руслан Малиновски од Џенова. На Адриано нè потсети со ударов. Јако ја опали.

Карик го крена Јунајтед од пепелта, после Сити го разби и Арсенал на гости

Манчестер Јунајтед и покрај тоа што има 8 нерешени средби и дури 5 порази сезонава во Премиер лига, благодарение на лошата форма на конкурентите, се наоѓа на високото четврто место. Откако на клупата седна Мајкл Карик Јунајтед игра како препороден: ги совлада прво големиот ривал Манчестер Сити а сега и лидерот Арсенал 2:3 на гости.

Мајсторски голови на Јамал и Рафиња, кој од кој поубав

Барселона ја оправда фаворитската улога против Овиедо кој го доби со 3:0 со што ја одржа предноста пред Реал на еден бод. Прекрасен лоб на Рафиња, уште појако голчиште на Јамал, веројатно едно од најатрактивните во дресот на каталонскиот тим.

Голчиштето на Куња со кое го сруши Арсенал во финишот

Манчестер Јунајтед направи изненадување во 23. коло од Премиер лигата. Го доби Арсенал со 3:2 и тоа среде Лондон. Дербито го реши Матеус Куња со одличен гол во 87 минута. Сити и Астон Вила сега се на -4 од Топџиите, а Јунајтед е четврти на -12.

Потоп на Камп Ноу

Нешто не и оди на Барселона со реновирањето на Камп Ноу. Еден дожд викендов, посилен од вообичаеното им создаде прекрасни услови за играње ватерполо. Да си го сменат архитектот.

Србија е европски шампион во ватерполо

Во големиот класик на светското ватерполо, вечерва пред повеќе од 13.000 гледачи во белградска „Арена“ Србија во финале на Европско првенство го совлада големиот ривал Унгарија 10:7 (3:2, 2:3, 2:1, 3:1) и по шести пат стана европски шампион.

Един Џеко стана најстар стрелец на гол во втора германска лига

Шалке одигра нерешено 2-2 против Кајзерслаутерн и тоа со три гола паднати во самиот финиш на дуелот. Прво гостите во 84-та минута дојдоа во ново водство 1-2, а Един Џеко во 87-ма минута и Кенан Караман во 90-та минута донесоа бод за домаќинот. Со 39 години и 314 дена Џеко стана највозрасниот фудбалер кој некогаш дал гол во втора германска Бундеслига. Џеко е позајмен од Фиорентина во Шалке до крајот на оваа сезона.
 

Најшколски црвен картон на сезоната

Во 90+1' минута од судиско продолжение на дуелот Трабзонспор - Касимпаша при резултат 2-1 за домаќинот, гостинскиот фудбалер Керем Демирбај почнува да му се прави паметен на главниот судија и му мавта со раце во стилот ајде мафни ми се. Добива два оправдани жолти картони во две секунди, црвен и судијата го мафнува од терен.

Европскиот шампион што ставаше глава каде некој не става нога

Илија Најдоски или „Илија громовник“ како го викаа навивачите на Црвена звезда, стана европски првак со црвено-белите. А неговиот фудбалски пат од Крушево преку Скопје за Белград до врвот на светот е за книга.

Од корнер? Нема проблем

Во дербито на 1. коло од новата сезона во аргентинска Апертура, Химназија Ла Плата со 2-1 го совладала Расинг Клуб, а 19-годишниот Николас Скелото кој носи број 10 го постигнал можеби најубавиот гол на сезоната таму.

Не се гледа секој ден голман да ја рогне преку стадион

Во Шкотска на средба меѓу Арброт и Гринок домашниот голман Адам МекАдамс успеал да го префрли цел стадион со еден чуден дегажман на топката.

Мајсторија на Мбапе со паненка, Брахим Дијаз во фокус

Во дербито на 21. коло на шпанска Ла Лига, Реал Мадрид со 0-2 го совлада Виљареал на гости и го преброди тешкото гостување. Стрелец на дватра гола беше Килијан Мбапе кој продолжува да блеска во голгетерска форма. Прво во 47-ма минута го отвори домаќинот а во 90+2' од судиското продолжение откако сам се избори за пенал, изведе супер паненка за конечни 0-2.

Вонсериската партија на Волф кој експлодираше со 22 одбрани

По триумфот над Португалија, Германија славеше со пресврт во вториот дел над Норвешка со 30-28 и со 6 бода е прва на табела со големи шанси за полуфинале. Андреас Волф го заврши мечот со неверојатни 22 интервенции или 44% успешност. 

Кандидат за гол на сезоната во Хрватска

Ријека и Славен Белупо ремизираа 2:2 во 19. коло од хрватскиот шампионат. Резултатот го отвори Илија Несторовски во 2 минута, а моментот кој заслужува посебно внимание е 84-та минута во која Португалецот Тиаго Дантас направи мајсторија за почит, која тешко се повторува.

Ибра ги опишува Гвардиола и Анчелоти

Гостин во подкастот Неуспјех првака кај Славен Билиќ беше Златан Ибрахимовиќ. Дава интересен опис за Пеп и Карло. За Шпанецот вели дека е манијак за фудбал кој 24 часа живее со него и го смета за број 1, а Италијанецот вели дека е тренер, татко, пријател...

10 години од една подзаборавена мајсторија на Деле Али

До вчера беше играчиште, а сега е слободен агент на само 29 години после ланската неуспешна авантура во Комо. Имаме видео од едни други времиња со подруг Тотенхем, кога Деле Али имаше 19 години и играше во топ форма. Феноменален соло изум.

Македонецот кој учествувал во откривањето на прочуениот коруптивен скандал во ФИФА

Бојан Панчевски, долги години работи како новинар во познати светски медиуми. Моментално е ангажиран во Вол Стрит Џрнал и живее во Берлин. Тој е дел од тимот новинари кои го открија скандалот на ФИФА во времето на Сеп Блатер, која преку мито ги одредуваше земјите домаќини на Мундијалите.

Дете од БиХ распали со голчиште во Лига Европа

Босанците имаат нов талент, кој на 18 години веќе има 6 настапи за сениорскиот национален тим. Се работи за 18 годишниот Керим Алајбеговиќ, двоен стрелец за Салцбург на мечот против Базел кој го добија со 3:1.

Ја видовте ли клупската фотографија на Селта?

Селта го доби Лион 2:1 и тоа 60 минути беше со играч помалку. Триумфот им носи пласман во нокаут фазата од Лига Европа. Да видиме како го овековечија тој момент.

Спектаклот меѓу Данска и Франција во 3 минути, Гидсел со ролинг го реши мечот

Уште на првиот меч од втората фаза, мераклиите за врвен ракомет имаа привилегија да ги видат на дело актуелниот светски против актуелниот европски првак. Победи светскиот, Данска со 32:29. Ви го препорачуваме цел хајлајтс. Ова е дечки друго ниво на ракомет. Атомски, без здив. Обрнете внимание како Гидсел ги отпиша на 1 минута до крај. На својот начин, со ролинг, како да е најлесната работа во свет. Потоа фрлете и око на групата. Хаос е.

Ја имаме одбраната на првенството и тоа со шпага против Гидсел

Данска и Франција одиграа мега битка која ја доби домаќинот со 32:29. Погледнете ја вртелешката на Гидсел и одговорот на Чарлс Болзингер. За сега, ова е најјаката одбрана на Европското. Многу јак клип.

Како Шпанија го прокоцка финишот со 6 на 4?

Втората фаза го разгоре Европското во ракомет во групата 1, каде се наоѓаат главните претенденти за медалите. Норвешка ја совлада Шпанија со 35:34 после драмолетка во финишот. Шпанците со два играчи повеќе испуштија напад за реми на неверојатен начин. Последната акција беше решена со ВАР. Погледнете ја херојската одбрана на Педерсон, кој го заврши мечот со 11 гола.

Добар перформанс на Делии, Деки ги испофали за поддршката

Навивачите на Црвена Ѕвезда во голема бројка отпатуваа во Шведска, за да го бодрат својот тим кој со триумфот од 0:1 над Малме обезбедија пласман во нокаут фаза. Станковиќ како ѕвездаш, скроз ги испочитува.

Тинејџерот со македонски пасош ја однесе Ѕвезда во нокаут фаза

Црвена Звезда обезбеди пласман во следната фаза од Лига Европа, откако го доби гостувањето против Малме со 1-0 во 7. коло од Лига Европа. Голот за победа го постигна 17 годишниот Василије Костов, кој има македонско потекло и македонски пасош.