Жозе Мурињо вовел пет правила во Реал Мадрид за строга дисциплина

Реал Мадрид одлично ја почна сезоната под водство на легендарниот Жозе Мурињо. Во Ла Лига Реал има 3/3 на стартот со гол разлика 10:2. За разлика од претходно, во екипата владее поцврста дисциплина од претходно.

Британскиот Ток спорт објавил детали од правилата кои искусниот Мурињо ги вовел за фудбалерите и стручниот штаб. Првото правило се однесува на точноста. Играчот кој ќе задоцни на тренинг нема да може да остане со екипата туку ќе биде пратен на индивидуална работа во теретана.

Доцнењето автоматски значи и изостанок од следниот натпревар. Жозе Мурињо не се решил парично да ги казнува играчите, зошто тој како што пишува Ток Спорт, смета дека паричните казни немаат доволно силен ефект врз фудбалери кои заработуваат огромни пари.

Како пример го наведуваат Килијан Мбапе кој неделно наводно заработува и преку 600.000 евра.

Второто големо правило се однесува на здравствената состојба на играчите. Кога ќе се повреди играч ќе мора да се опоравува само и само исклучиво под надзор на клупскиот медицински тим. Приватни третмани надвор од клубот не се дозволени решил Мурињо, а терапиите ќе мора да се извршуваат во просториите на Реал Мадрид.

Посебно внимание тој посветил и на исхраната. Играчите веќе нема да имаат целосна слобода како досега со претходните тренери Арбелоа и Чаби Алонсо да јадат што сакаат и каде сакаат. Сега клубот веќе направил план според кој ќе мора сите да се придржуваат до исто мени.

Мурињо наводно дел од идеите презел од тренерот на Барселона Ханси Флик, најголемиот ривал на Реал за титулата во Шпанија.

3 септември 2026 - 09:41