Скоро да не се памети кога голман на Баерн Минхен примил ваков страшен гол од преку 30 метри. Во натпревар од 1. коло на Купот на Германија, новиот второлигаш Оснабрик го пречека Баерн Минхен. Домаќините поведоа први со лудоријата на Робин Мајснер уште во 5' минута. Еврогол со полна од далечина. Баварците после направија пресврт и победија 1-4 со 2 гола на Хари Кејн.