Со емотивна порака на друштвените мрежи 40-годишниот капитен на БиХ Един Џеко ја потврдил одлуката дека става крај после мечот против Шведска на 2. октомври.
„Понекогаш се прашував кога ќе дојде овој момент, но никогаш не сум замислувал колку ќе биде емотивен додека ги пишувам овие зборови: на втори октомври против Шведска ќе го одиграм својот следен и последен натпревар за репрезентацијата.
Ништо во мојата кариера не може да се спореди со гордоста која ја чувствував секој пат кога го носев тој дрес. Тоа беше мој сон од детство, кој го носев со себе на секој од 151 настап за својата земја.
Ако со репрезентацијата стигнав до 40-та година, тогаш тоа е затоа што навистина и дадов се што имав. Секој пат. Се.
Да се види својот народ како слави на улиците на нашите градови е уште еден неверојатен подарок кој фудбалот ми го даде.
Се надевам дека вечерта против Шведска ќе бидете таму за да поделиме уште една емоција. Последната ноќ во репрезентацијата сакам да ја доживеам со вас до мене, носејќи го дресот кој го сакам од детство и кој ќе го сакам до крајот од животот“, напишал Џеко (40).


