Зверев играше 10 часа во два дена на УС Опен

Александар Зверев се пласираше во 3. коло на Отвореното првенство на САД откако во ноќта меѓу четврток и петок го совлада Французинот Квентин Алис со 3:2 по сетови: 6:4, 4:6, 7:6, 6:7, 6:3. И тоа само два дена по лудиот дуел со Лоренцо Сонего кој траеше четири часа и 53 минути. Овој пат дуелот меѓу Зверев и Квентин Алис траеше четири часа и 33 минути а поради голема влажност мечот беше прекинуван и се играше се до 2:15 часот после полноќ во Њујорк.

4 септември 2026 - 09:39