Вучиќ има подкаст, излегува првата епизода за кошарка

Српскиот претседател Александар Вучиќ пред некоја година изјави дека се запишал на стручни студии за кошаркарски тренер и дека сериозно намерува еден ден да се занимава со тоа. Од неговата партија Српска напредна странка на една Инстаграм страна соопштија дека во петок напладне ќе почне новиот формат „Александар Вучиќ - разговори за луѓето, животот, спортот, културата, верата, историјата и сето она што не поврзува“. Прв гостин му бил легендарниот тренер Мирослав Мута Николиќ.

3 септември 2026 - 14:22