Offside

Експериментот со офсајд правилото на Венгер се смета за неуспешен и се очекува наскоро да биде официјално отфрлен. 

Серхио Рамос го изведе најчудниот пенал во кариерата, голман му бранеше со грб

Во 15. коло од мексиканската Лига М, Тигрес УАНЛ со неверојатен пресврт го совладал Монтереј. Гостите први дошле во водство од пенал преку некогашниот капитен и легенда на Реал Мадрид Серхио Рамос во 51' минута. Потоа гостите добиле два црвени картони во 73-та и 79-та минута па домаќините со два играчи повеќе направиле пресврт во 90-та и 90+5' минута. Видете како лудиот голман на Тигрес УАНЛ, Гузман му бранеше на Рамос.

Гол на Адеми после 6 месеци

Динамо Загреб го совлада Осијек со 2:0. Стефан Ристовски со капитенска лента го одигра цел натпревар, а Аријан Адеми влезе во вториот дел. Во 69 минута од мечот точно знаеше каде да се позиционира за да ја забие со глава од корнер. Трет гол за Адеми сезонава и прв по долга пауза. Динамо Загреб е трет на табела со 49 бода. Хајдук има 54, а Ријека 53.  

Ракометарките полни со жар и елан ја згрмија химната на Македонија

Македонија после долги години одигра женски сениорски репрезентативен натпревар во Битола. Салата Боро Чурлевски уште еднаш потври дека е храм на ракометот во кој преку 3.000 навивачи им дадоа поддршка на ракометарките, кои за жал повторно загубија од Полска и не успеаа да се пласираат на СП. Да ја чуеме химната. Достојно и емотивно испеана. Со насмеани лица.

Волкановски победи во силна борба и го врати шампионскиот појас

Во ноќта меѓу 12-ти и 13-ти април во Мајами, на Флорида се одржа турнирот УФЦ 314. На главниот настан се бореа Александар Волкановски и Диего Лопес а победи македонскиот Австралиец со едногласна судиска одлука.

Спектакуларен волеј на Кристијано Роналдо

Ал Наср го доби градското дерби во Саудиска Арабија против Ал Ријад со пресврт благодарение на двата гола на Роналдо. Едниот бомбастичен.

Интелигентна асистенција на Арнаутовиќ до Лаутаро, Инѕаги го утепа од гушкање

Интер очекувано го совлада Каљари со 3:1 и со тоа не ја дава лидерската позиција на табела ниту во 32. коло од Серија А. Резултатот го отвори Марко Арнаутовиќ, кој потоа атрактивно го пронајде Лаутаро Мартинез.

Сите 15 слободни удари на Деклан Рајс пред ремек делата со Реал

Арсенал со 3-0 го потопи Реал Мадрид во првиот натпревар од 1/4 финале на Лига на шампиони а играч на натпреварот беше англискиот репрезентативец Деклан Рајс кој постигна два прекрасни гола од слободен удар. Во манирите на најдобрите изведувачи на сите времиња. А парадоксално му беа први од слободен. Претходно не дал ниту еден.

Евроголот на Калулу на вечното белградско дерби

Во српската Супер лига одамна сè е јасно во однос на шампионската титула, затоа што Црвена звезда на вечниот ривал Партизан му бега дури 23 бода на табелата. Од таа причина денешното вечно дерби на стадионот „Рајко Митиќ“ помина со најмалку гледачи во последните неколку сезони. Партизан поведе прв со евроголот на Алдо Калулу во 39' минута. Црвена звезда израмни од пенал преку Андрија Максимовиќ во 84' минута а целосен пресврт донесе Бруно Дуарте за победа 2-1 во 86' минута.

Шпанска полицијо, не ви се ова плишани мечиња

Шпанската полиција во навивачкиот свет важи за една од најгрубите во цела Европа. Кој осетил пендрек таму тврди дека таква бруталност како што има од шпански џандар нема никаде. Синоќа во Андалузија фудбалски дуел од Лига Конференции играа Бетис и Јагиелонија. Десетина специјалци под полна опрема и штитови решиле да влезат во гостинскиот сектор и да се иживуваат како што тоа го прават против речиси сите гостински навивачи од Европа кои доаѓаат во Шпанија. Ама подзаборавиле дека внатре има полски навивачи.

Фудбалери од Серија А под истрага за обложување на нелегални сајтови, меѓу нив и Ди Марија

Од мобилните телефони запленети од Сандро Тонали и Николо Фаџоли до најновата истрага во која се вклучени познати играчи од Серија А, никој не е обвинет за продажба на натпревари. Се работи за кладење на други спортови, како и онлајн покер на нелегални платформи.

Џабе полна сала, Љуљ и Таварез пак ги оладија Партизановци

Во натпревар без никаков резултатски значај зошто Партизан и покрај тоа што потроши десетици милиони евра на трансфери и плати на преплатени странски кошаркари, повторно извиси и остана без место во плејофот на Евролига. Реал Мадрид синоќа славеше во преполната белградска „Арена“ со кош постигнат во последна секунда на Таварес со звукот на сирената. Претходно црно-белите имаа 10+ предност во последна четвтрина.

Политичари, бизнисмени и доктори вршеле притисоци врз селектори чие дете да игра

Поранешниот центарфор на Македонија, Ѓорги Христов, кој стигна и до Премиер лигата, се фати за многу тешка и одговорна работа во ФФМ, а тоа е младинскиот сектор кој е во хаос. Вели за девет години ниту едно дете не било избркано од академијата на федерацијата, а се правеле милион глупости и се потрошиле 4 милиони евра.

Лоб на колото во режија на Бодо Глимт против Лацио

Триесет и две годишниот норвешки фудбалер Улрик Салтнес е права легенда на Бодо Глимт. Од 2011-та е во клубот кој прави чуда во еврокуповите и за 14 години во жолтиот дрес има повеќе од 280 настапи и 70 гола. Синоќа со два погодоци му пресуди на римски Лацио во првиот натпревар од 1/4 финале на Лига Европа а едниот беше убав лоб со уште поубава асистенција.

Стампедо и загинати деца на меч од Копа Либертадорес во Чиле

Две деца загинале по големи нереди, метеж и стампедо во Сантијаго, главниот град на Чиле каде синоќа требаше да се одигра дуел од Копа Либертадорес меѓу Коло Коло и бразилска Форталеза.

Една акција, триста заврзлами

Во првиот натпревар од 1/4 финалето во Лига Европа Ренџерс и Атлетик Билбао одиграа 0-0. Домаќините уште од 13-та минута играа со играч помалку по директниот црвен картон кој го доби Робин Пропер. Баскијците во 80-та минута дадоа гол преку Беренгер но тогаш настана прав циркус. Судијата прво го поништи по гледање ВАР поради наводно играње со рака но забележал дека во текот на акцијата домашниот фудбалер Стерлинг играл со рака. Досуди пенал а пеналот кој го изведе Ињаки Вилијамс го одбрани голманот Кели.

Голов на Тотенхем е печен за најавните шпици на ЛЕ

Ништо не е решено во ЛЕ. Од четири средби на првите четвртфиналните битки, три завршија нерешено. Тотенхем и Ајнтрахт Франкфурт одиграа 1:1. Обрнете внимание на финишот на Педро Поро. Кај со пета, па уште и кроз нозе. Браво мајсторе.

Да видиме и Онана како брани во судиско

За маката на навивачите на Манчестер Јунајтеда да биде поголема, во иста вечер Де Хеа блеска, а Онана прави нов кикс на гол и тоа во 95-та за минута, кој Лион го искористи за да израмни на 2:2 на првиот четвртфинален меч во ЛЕ. Колку лоша одбрана, како кашкавал е во рацете.

Страшен рефлекс на Де Хеа во 97 минута

Фиорентина го има Давид де Хеа, а Манчестер Јунајтед Онана. Толку треба да е воведот. Инаку Италијанците славеа на гости против Цеље со 1:2 на првиот четвртфинален меч од Конференциската лига. Погледнете го Шпанецот како реагираше во 97-ма минута. Голманиште

Чурлинов со ножички се обиде да го матира Бетис

Фудбалерите на Бетис со триумф од 2:0 ја оправдаа фаворитската улога против Јагелонија, во првиот натпревар од четвртфиналето во Конференциската лига. Дарко Чурлинов го одигра цел натпревар, а имаше и обид за атрактивен гол.

Лудо забивање со нереално промашување на Винс Картер

Со неговите дрски и без пардон забивања, Винс Картер одбележа една незаборавна ера во НБА, долга 22 сезони. До 42 години не се даваше под кошевите и настапуваше за 8 екипи. Дебитираше во дресот на Торонто 1998-ма. Па дури и со уткава е атрактивно да се гледа неговиот финиш.

Првиот трипл-дабл на Хрватот Зубац во НБА

Лос Анџелес Клиперс го совлада Хјустон Рокетс 134:117 и стигна до 48-ма победа во сезоната со која уште стои добро во трката за пласман во разигрувањето. Хрватскиот кошаркар Ивица Зубац кој игра сезона на животот во НБА, после дури 56 дабл-дабл учиноци, стигна до првиот трипл-дабл и бил пресреќен.

Историски триумф на 17 годишниот Стефан Тренески на Формула 4

Стефан Тренески продолжува брзо и сигурно да се пробива во светот на елитниот мотоспорт. 17-годишниот талент од Македонија победи на второто издание на Formula4 CEZ Academy, одржано во Чешка.