Шпанска полицијо, не ви се ова плишани мечиња

Шпанската полиција во навивачкиот свет важи за една од најгрубите во цела Европа. Кој осетил пендрек таму тврди дека таква бруталност како што има од шпански џандар нема никаде. Синоќа во Андалузија фудбалски дуел од Лига Конференции играа Бетис и Јагиелонија. Десетина специјалци под полна опрема и штитови решиле да влезат во гостинскиот сектор и да се иживуваат како што тоа го прават против речиси сите гостински навивачи од Европа кои доаѓаат во Шпанија. Ама подзаборавиле дека внатре има полски навивачи.

11 април 2025 - 14:47