Првиот трипл-дабл на Хрватот Зубац во НБА

Лос Анџелес Клиперс го совлада Хјустон Рокетс 134:117 и стигна до 48-ма победа во сезоната со која уште стои добро во трката за пласман во разигрувањето. Хрватскиот кошаркар Ивица Зубац кој игра сезона на животот во НБА, после дури 56 дабл-дабл учиноци, стигна до првиот трипл-дабл и бил пресреќен.

За 34 минути на паркетот, Ивица Зубац постигнал 20 поени (шут од игра 9/13) со 11 скока и 10 асистенции. Интересно до трипл-дабл стигнал по асистенција на неговиот добар другар и соиграч Богдан Богдановиќ.

Зубац е поранешен кошаркар на српската Мега од Белград од каде познатиот менаџер на Никола Јокиќ го прати на драфт и Ивица Зубац во НБА.

ЛА Клиперс победија 134:117, а покрај Зубац, најефикасни на мечот кај Клиперс беа Џејмс Харден со 35 поени, 3 скока и 10 асистенции, Кавај Ленард со 22 поени, 10 скока и 4 асистенциии Богдан Богдановиќ со 16 поени, 3 скока и 5 асистенции.

Хјустон Рокетс играше без својот најдобар играч Алперен Шенгун кој е повреден. па во таква ситуации најефикасни беа Рид Шепард со 20 поени, 5 скока и 4 асистенции, Џеф Грин со 19 поени, 3 скока и 2 асистенции, Џок Лејндел со 11 поени и 9 скока, Тари Исон со 17 поени и Кам Витмор со 14 поени.

10 април 2025 - 12:08