Џабе полна сала, Љуљ и Таварез пак ги оладија Партизановци

Во натпревар без никаков резултатски значај зошто Партизан и покрај тоа што потроши десетици милиони евра на трансфери и плати на преплатени странски кошаркари, повторно извиси и остана без место во плејофот на Евролига. Реал Мадрид синоќа славеше во преполната белградска „Арена“ со кош постигнат во последна секунда на Таварес со звукот на сирената. Претходно црно-белите имаа 10+ предност во последна четвтрина.

Epa images
Epa images
Фото: Epa Images

Партизан ја завршува сезоната со 18 порази и е надвор од местата кои водат во разигрувањето. Синоќа во белградска „Арена“ високиот центар Валтер Таварес постигна кош во последни секунди од мечот за победа 89:91.

Претходно Серхио Љуљ го израмни резултатот и му овозможи на својот тим да решава во последниот напад.

Реал Мадрид со овој триумф стигна до 20 победи во сезоната и е на 5-то место на табела па речиси сигурно ќе игра во плејофот. 

Најефикасни кај победникот од Мадрид беа Џанан Муса со 15 поени, а јунакот на победата Валтер Еди Таварес и Марио Хезоња додадоа по 12 поени. Кај домаќинот кој сезонава претрпе дури 8 порази на домашен паркет, Карлик Џонс беше прв стрелец со 15 поени, Бонга даде 14 а Покушевски 12.

11 април 2025 - 14:17