Волкановски победи во силна борба и го врати шампионскиот појас

Во ноќта меѓу 12-ти и 13-ти април во Мајами, на Флорида се одржа турнирот УФЦ 314. На главниот настан се бореа Александар Волкановски и Диего Лопес а победи македонскиот Австралиец со едногласна судиска одлука.

Александар Волкановски (36) го совлада 30-годишниот Бразилец по потекло од Мексико Диего Лопес со судиски одлики: 49-46, 49-46. 48-47. 

Волкановски повторно си го врати назад шампионскиот појас откако претходно во февруари лани беше брутално совладан од Илија Топурија. Една година и два месеци подоцна Александар е повторно шампион.

„Волкот“ доби прилика да се бори пак за шампионскиот појас откако ривалот кој го совлада, Илија Топурија претходно реши од перо категорија да се искачи во потешката категорија.

Волкановски стана и првиот борец повозрасен од 35 години кој победил во УФЦ борби од мува до перолесна категорија.

Волкановски доживеа два порази претходно со нокаути од Илија Топурија и Ислам Махачев.
 
Сега наспроти него во октагонот беше гладниот за трофеи Диего Лопез кој првпат се бореше за шампионскиот појас. Мексиканскиот Бразилец во втората рунда покажа колку силен ривал е откако го нокаутираше Волкановски и малку фалеше дуелот да биде готов.

Но „волкот“ не би бил тоа што е, ако брзо не се вратеше. Во третата рунда со удари со нога го онеспособуваше противникот, а во четврта рунда Диего Лопес враќаше со аперкат. Во завршните моменти од борбата Волкановски успеваше да се одбрани и да возврати па заслужено славеше.

Заслужено и си ја врати шампионската круна, по втор пат во кариерата откако претходно ја имаше од декември 2019-та до февруари 2024-та. Имаше дури пет успешни одбрани на појасот.

„Ох човече, колку е добро да се вратиш. Никогаш не сум почуствувал таква љубов. Цела недела зборував, реков и пред камерите пред настапот: им ветив на моите девојки дека ќе им го вратам шампионскиот појас, но потоа сфатив дека не е важно само да се врати шампионскиот појас.

Многу луѓе ме откажаа... Дека ќе се вратам и дека ќе совладам пиштол како Диего Лопез. Одлично е да се вратиш. За секој што гледаше: еј, неволјата е привилегија, овој момент е неверојатен. Луѓето пишуваат срања за ова во книгите. Ве сакам сите, навистина ве ценам. Незгодата е можност,“ му рекол Волкановски на Џо Роган после борбата.

Диего Лопез изјавил со преведувач:

„Слушнете, чест беше да се дели Октагон со легенда како Александар Волкановски, но јас ќе се вратам. Ова е човек кој има толкаво искуство во УФЦ, каква кариера имаше! Вечерва можеби бев близу, но можам да се видам како се враќам. Ќе бидам подобар, ќе станам шампион“, рекол Лопез.

Мексиканецот кој настапува под знаме на Бразил во „Касеја Центар“ во Мајами влегол по победничка серија од 5 борби по ред од кои дури три биле во 2024-та. Волкановски беше во серија од 3 порази на последните 4 борби.

13 април 2025 - 08:30