Лоб на колото во режија на Бодо Глимт против Лацио
Триесет и две годишниот норвешки фудбалер Улрик Салтнес е права легенда на Бодо Глимт. Од 2011-та е во клубот кој прави чуда во еврокуповите и за 14 години во жолтиот дрес има повеќе од 280 настапи и 70 гола. Синоќа со два погодоци му пресуди на римски Лацио во првиот натпревар од 1/4 финале на Лига Европа а едниот беше убав лоб со уште поубава асистенција.