Offside

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа полуфинале во Лига на шампиони од соништата со резултат 5:4, па дури и можеа да бидат и повеќе со оглед на шансите. Домаќините на полувреме имаа 3:2, а потоа и 5:2, но Баерн се избори за поголема неизвесност пред реваншот. Кварацхелија и Дембеле постигнаа по два гола, Невес еден. За гостите погодија Кејн, Олисе, Упамекано и Диаз.

Неста ги насмеа новинарите кога доби прашање за судијата

„Што мислиш за тоа што на мечот Монца - Рома судијата е од Рим?“, гласеше прашањето за тренерот на Монца, Алесандро Неста? Можеби е лацијал и ќе навива за нас, одговори изненадно поранешниот капитен на Лацио и додаде дека сепак не верува во задни намери, туку во добрината на луѓето.

Палмер мајсторе, како ли ти успеа ова?

22 годишниот Кол Палмер е дефинитивно иднината на англискиот фудбал. Лани даде 25 гола, сега има 6 после 9 настапи. Погледнете му го триков еден на еден. Со еден допир, ја прими топката и даде фелш и го издрибла својот чувар. Огромна штета што не успеа да постигне гол. Ќе беше минимум гол на месецот.

Со „Среќна 13-ка“ на Спорт Лајф секој месец добивки до 120 илјади денари

Акцијата се однесува на тикетите на кои се типувани и погодени 13 натпревари, со минимален коефициент по натпревар од 1,4 и со минимална уплата од 20 денари.  

Како се одржува теренот на стадионот во Дортмунд?

„Сигнал Идуна Парк“ или „Вестфален“, стадионот на Борусија Дортмунд летово не се прослави на Европското првенство затоа што на два меча при страшно обилни дождови од град кровот прокиснуваше на некои делови. Но теренот е чиста 5-ка!

Жунињо од Долни Дисан

Слога Лажани - Венец Долни Дисан (2:6), трета македонска лига, ни носи клип од оние што секогаш со душа ги чекаме. Со автентичен стадион за наши услови и слободен удар на мајстор Марјан Илов.

Најдоцниот хет-трик во историјата, ненормален пресврт во Норвешка

Во натпревар од третата норвешка лига, Мадла ИЛ на гости водела со 0-2 против Фрам. Домаќините во судиско продолжение прават невозможен пресврт. Хет-трик на Брајан Лисебо Јонахсен и тоа во: 92’, 94-та и 96-та минута. Му требале само 255 секунди за тоа.

Голот на Скот Мектиминеј за Наполи за 26 секунди

Наполи со 3-1 го совлада Комо а резултатот го отвори Скот Мектоминеј, најголемото летно засилување за тимот на Антонио Конте и тоа со гол во 26-та секунда. После 7 кола во Италија, Наполи е прв со 16 бода. Наполитанците имаат 5 победи, 1 нерешена и 1 пораз.

Дончиќ ја запрепасти салата со кош од крај до крај

Лука Дончиќ доживеал ситна мала повреда пред стартот на новата НБА сезона, но очигледно дека веќе се опоравил. Суперѕвездата на Далас Маверикс на отворениот тренинг на екипата, пред навивачите, направи нов луд потег. Се кладел со центарот Дерек Лајвли (на Твитер Лука му пишал на Дерек 100к што означува наводна кладба во 100.000 долари) дали ќе погоди од кош на кош.

Историски момент за НБА, Леброн заигра заедно со син му

„Кога стоевме еден до друг и го погледнав, беше како да сум во Матрикс“, изјави Леброн после мечот.

Голем судиски скандал во Турција, судијка суспендирана поради секс со надлежен

Во турскиот фудбал, на 24-годишна фудбалска судијка и 61-годишен надлежен судиски комесар Орхан Ердемир им се одземени лиценците поради кршење на правилникот. Оваа казна ја изрекол Дисциплинскиот совет на аматерскиот фудбал при Фудбалската федерација на Турција. Причина? Излегло видео на кое тие двајца имале однос.

Рики не заборава

Динамо Загреб го победи Вараждин 1:0 во 9. коло од хрватскиот шампионат, а по завршувањето на мечот Стефан Ристовски направи прекрасен гест. Детете кое минатата сезона на гостувањето во Вараждин втрча на терен, а тој им го зема на обезбедувањето од раце, овој пат го симна од трибина за да му подари дрес.

Како ли успеа да го промаши ова Влаховиќ?

Таман влезе во одлична серија од 5 гола на последните три меча, Душан Влаховиќ се посрамоти викендов. Даде гол од пенал во 15 минута, но потоа шутна несфатливо лошо пред гол, непречен од никого. Каљари ги постави конечните 1:1 во 88-ма минута.

Голманот на Жирона и согирач на Миовски фати три пенали!

Голманите беа главни јунаци викендов. Во Италија на мечот Фиорентина - Милан се досудија 3 пенали и сите три ги одбранија голманите Де Хеа (2) и Мењан (1). Во Жирона пак се случи фудбалско чудо какво што не се памети мноооооооогу одамна. Аргентинскиот голман и соиграч на Бојан Миовски, Пауло Газанига на мечот со Билбао одбрани дури 3 пенали! Едниот што го одбранил бил поништен па повторно изведен, па го фатил и тој. Вкупно 3 за победа на крај од 2-1 и важни 3 бода за Жиронците.

3 одбранети пенали на Фиорентина - Милан, Де Хеа фати два

Во 7. коло на италијанската Серија А, пред паузата за Лига Нации и репрезентации, Фиорентина и Милан се судрија во Фиренца и славеа виолетовите 2-1. Росонерите уште долго ќе жалат поради двата промашени пенали кои им ги одбрани легендарниот голман на Манчестер Јунајтед Давид Де Хеа.

Два пенали на ист натпревар во Германија, глупави од невидени размери

Стоперот на Војводина и репрезентативец на Луксембург Сеид Корач, може да најде барем малку утеха, дека не е единствен во правење на аматерска маалска грешка во сениорски фудбал.

Драмски на денот

Брајтон и Тотенхем одиграа луд меч во Премиер лига. Гостите водеа 0-2 во 37-ма минута а Брајтон направи тотален пресврт и со три гола во вториот дел славеше 3:2. Но овој натпревар ќе се памти и по еден неумешен обид за глума на домашниот десен бек Жоел Фелтман со гостинскиот фудбалер Медисон.

Лидерот на Челси покажа како се реагира господски при тепачка

Челси имаше убава прилика да ја продолжи фината победничка серија но одигра само 1-1 дома против Нотингем Форест и покажа дека уште не се екипа за големи дела. Кол Палмер најдобриот играч на Челси на крајот од мечот при голема гужва на теренот испаднал господин.

Еврогол кој сигурно ќе биде во топ 5 на сезоната во Франција

Рен загуби од Монако 1:2, а она што задолжително мора да го видите од овој меч е лудоријата од проектил на домаќините, дело на Лудовик Блас. Што шут ќе беше ова мајсторе?

Валверде и Винисиус со голчишта го отпишаа Виљареал

Реал Мадрид го совлада Виљареал 2:0 и се израмни со Барселона по број на бодови, која денеска му гостува на Алавес. Валверде и Винисиус постигнаа прекрасни голови, а Бразилецот се истакна со јак дриблинг. На Дани Карвахал не му се посреќи мечот. Ги повреди лигаментите и ќе мора да оди на операција.

Комити: Губите од сите, сите да си одите

Во Вардар пак нешто не штима. Летоска дојде Новоматик како генерален спонзор, моќна интернационална компанија, сопственик на 2.000 казина која потпиша едногодишен договор на 1 милион евра спонзорство. Во управата јавно се зборува дека е Миленко Неделковски за што немаше прес конференција или некаква друга официјална промоција. Тимот има бедни 7 бода после 9 меча и е претпоследен, а Комитите се очигледно бесни по вчерашниот пораз на домашен терен од Струга Трим Лум од 1:4. Испратија кратка и јасна порака.

Ѓоковиќ воодушеви уште со првата мајсторија во Шангај

Новак Ѓоковиќ го совлада Американецот Алекс Микелсен на Мастерсот во Шангај со 7:6, 7:6, а во третото коло ќе игра против подобриот од дуелот меѓу Стен Вавринка и Флавио Коболи. Го имаме поенот со кој си собра аплаузите и овациите. Од зад грб му ја врати.

Го имаме ли ликот на Руни од 2054-та?

Вејн Руни има 38 години на кои тешко може да им се верува сè додека не го проверите на Википедија. Од мај годинава го води Плимут, како четврта негова тренерска работа. Ај сега скролнете најдоле да кажете дали сме го погодиле насловот?

ЕХФ: Три работи се сигурни „Смрт, плаќање данок и магијата на Гидсел“

Европската куќа на ракометот не штедеше зборови за чудесните вртелешки на еден од најопасните ракометари во светот во овој момент, како и двократен светски и олимписки првак со Данска. Потезиве му се нестварни.

Топ 10 блокади од кариерата на Мутомбо

НБА уште го ликува Дикембе Мутомбо кој почина на 30 септември на 58 годишна возраст. Она во што беше најдобар легендарниот центар од Конго, висок 218 см, го спакува во компилација, која е ултра тешко да се направи со оглед на тоа што човекот поедели 3.289 банани. Ќе видите како ги лепи Грент Хил, Шон Кемп, Патрик Јуинг, Коби Брајант, па дури и Мајкл Џордан. Ваквите клипови се задолжителна кошаркарска литература.