Кои други фудбалери дале 2 гола од слободен удар на ист меч во Лига на шампиони?

Фудбалерот на Арсенал Деклан Рајс во вторникот вечер влезе на една врвна листа на малкумина фудбалери кои постигнале 2 гола од прекин на ист натпревар во Лига на шампиони.

Epa Images
Epa Images
Photo: Epa Images

Рајс со атрактивните два погодоци од слободен удар против големиот Реал Мадрид си обезбеди место во вечноста кај навивачите на Арсенал. Претходно по два комада од прекин во елитната Лига на шампиони даваа уште и:

РИВАЛДО (Милан - Барселона 3:3, 2000-та година)

КРИСТИЈАНО РОНАЛДО (Цирих - Реал Мадрид 2-5, 2009-та)

НЕЈМАР (ПСЖ - Црвена Звезда 6-1, 2018)

ЗИЕШ (Галатасарај - Манчестер Јунајтед 3:3, 2023)

ДЕКЛАН РАЈС (Арсенал - Реал Мадрид 3:0, 2025)

10 април 2025 - 10:32