Никола Јокиќ по свое, со трипл-дабл го пречека новиот тренер

Кошаркарите на Денвер Нагетс им се вратија на победите откако синоќа со 124:116 го совладаа Сакраменто Кингс под водство на новиот тренер, досегашниот помошник тренер на екипата Дејвис Аделман а по отказот кој го доби досегашниот тренер Мајкл Мелоун.

Денвер Нагетс конечно победија после четири врзани порази и уште е во добра позиција за директен пласман во плејофот и предност домашен терен во истиот.

Никола Јокиќ одново беше главен играч на теренот и лидер на Денвер со 20 поени (5/12 за два, 10/10 од слободни фрлања), имаше уште и 12 скока и 11 асистенции за 33-ти сезонски трипл-дабл. И тоа повторно во само 3 четвртини.

Огромна поддршка Србинот имаше и од Кристијан Браун кој уфрли 25 поени како и Арон Гордон и Мајкл Портер Јуниор со по 21 поен а резервистот Пикет уфрли 18 поени со дури пет тројки.

Кај Сакраменто Кингс Лавин стигна до 27 поени а Демар Дерозан броеше до 22 поени.

На Нагетс сега им остануваат два меча до крајот на основниот дел од сезоната, прво со Мемфис Гризлис во ноќта меѓу петок и сабота на свој терен а во недела вечер на гости против Хјустон во Тексас.

10 април 2025 - 07:59