Лука Дончиќ се расплака по враќањето во Далас, па ги разби со 45 поени

Лука Дончиќ за првпат се врати во Далас по трампата во Лос Анџелес и на управата на Маверикс ѝ покажа зошто направила историска грешка што решила лесно да се откаже од него. Ги развали со 45 постигнати поени!

Лос Анџелес Лејкерс го победи Далас Маверикс 112:97. Лука Дончиќ во арената во Тексас уфрли 45 поени (16/28 од игра, 7/10 за три), со осум скока и шест асистенции и четири украдени топки.

Претходно Лука Дончиќ пред стартот на натпреварот во „Американ Ерлајнс Центар“ се расплака на клупата додека навивачите емотивно го пречекаа.

Далас Маверикс му спремил двоминутно емотивно видео со најдобрите потези на Лука што Дончиќ додека седеше на клупата го расплака. На секоја столица во салата имало порака: „Лука, фала ти за сè“.

„После тоа видео помислив дека нема да можам да го одиграм натпреварот. Толку многу моменти, само отидов и играв кошарка“, кратко рекол Дончиќ.

Леброн Џејмс постигна 27 поени со 7 скока, а Руи Хачимура 15 и Остин Ривс 11 поени.

Интересно Леброн Џејмс стигна до бројка од неверојатни 1.561 натпревар во основниот дел од сезоната со што го надмина легендарниот Карим Абдул-Џабар на историската вечна листа на кошаркари со најмногу настапи во регуларен дел пред плејоф. Прв и натаму е култниот Роберт Периш кој одиграл 1.611 натпревари.

Леброн во својата долга и богата НБА кариера одигра: 849 натпревари за Кливленд Кавалирс, 418 натпревари за ЛА Лејекрс и 294 средби за Мајами Хит.

10 април 2025 - 08:47