Дали е Расел Вестбрук проблемот на Денвер Нагетс?

Управата на Денвер Нагетс реши да го отпушти тренерот Мајкл Мелоун и генералниот менаџер Калвин Бут поради тоа што тимот западна во сериозна криза со неколку порази по ред но и слаба форма на играчите баш пред разигрувањето. Медиумите во САД тврдат дека Бут и Мелоун имале лош однос, не разговарале еден со друг а дека првиот често му се мешал на вториот во изборот на играчи. Еден од оние за кои не се согласувале бил ветеранот Расел Вестбрук.

Расел Вестбрук е еден од најдобрите играчи во НБА на сите времиња. Статистиките тоа го докажуваат.

Ветеранот кој има 36 години е прв на вечната листа кошаркари со најмногу трипл-дабл учиноци во историјата на НБА. Има МВП награда од 2017-та, има 9 Ол-Стар учества, 2 пати беше биран за МВП на Ол-Стар натпреварите (2015, 2016). Има две злата со САД од Олимписки Игри (2012) и Светско првенство (2010).

Но Вестбрук сезонава иако дојде како засилување за Никола Јокиќ и екипата, тој има катастрофални бројки. Од натпревар во натпревар.

Вестбрук на два натпревари по ред беше и директен кривец за порази на Денвер Нагетс со што тимот ризикуваше да спадне на позиција која не води директно во плејоф.

Синоќа против Сакраменто Кингс Расел Вестбрук шутирал 2/11 и 0/4 за три поени:

Медиумите во САД пишуваат дека токму тој бил проблемот меѓу тренерот Мелоун и генералниот менаџер Калвин Бут кој инсистирал дека Вестбрук мора да игра повеќе.

Сега откако Мелоун и Бут добија откази, привремен тренер на екипата е досегашниот помошник тренер Дејвид Аделман. Тој уште на првиот свој меч во улога на глаен тренер го седна Расел Вестбрук на клупа и му даде повеќе шанса на Џајлен Пикет.

Пикет не добиваше многу шанса за настап досега. Тој е 32. пик на драфтот од 2023-та, а синоќа за првпат доби поголема минутажа како прв плејмејкер додека Џамал Мареј е повреден, и во победата против Сакраменто Кингс имаше 18 поени (6/10 од игра) со пет погодени тројки од седум обиди и четири асистенции.

10 април 2025 - 11:12