Offside

ПСЖ и Баерн Минхен одиграа полуфинале во Лига на шампиони од соништата со резултат 5:4, па дури и можеа да бидат и повеќе со оглед на шансите. Домаќините на полувреме имаа 3:2, а потоа и 5:2, но Баерн се избори за поголема неизвесност пред реваншот. Кварацхелија и Дембеле постигнаа по два гола, Невес еден. За гостите погодија Кејн, Олисе, Упамекано и Диаз.

НБА загревање со најјаките 10 потези од минатата сезона

Најголемото кошаркарско шоу стартува со претсезонска увертира меѓу Денвер и Бостон, кои викендов во Абу Даби ќе одиграат две средби. Ќе потсетиме кои 10 потези беа избрани во најтесен круг за прошлата сезона. Ги има Дончиќ и Јокиќ, како и Ентони Едвардс со луда банана и уште полудо забивање. Стартот на новата сезона е на 22-ри октомври.

Уште еден голем подвиг на доктор Кедев: Освоена уште една „осум илјадарка“

Кардиологот и хималајист д-р. Сашко Кедев денес имал уште едно историско искачување откако со група шерпаси и други качувачи од разни делови на светот го освоил врвот Шишапангма, висок 8.027 метри кој се наоѓа во Кина.

Најчудното потекло меѓу фудбалерите го има Давид Алаба

За Давид Алаба знаеме дека е капитен на Австрија против која Македонија се соочи на ЕП 2020 и дека може да игра и одбрана и среден ред. Уствари ништо не знаеме.

Јокиќ: Сите ние Срби во еден момент помислуваме дека сме Новак Ѓоковиќ

Последните два НБА шампиони Денвер и Бостон, ќе одиграат два претсезонски натпревари во Абу Даби, како увертира пред стартот на новата сезона. Очите и камерите, се вперени се разбира во Никола Јокиќ, кој скромен како и секогаш вели дека не е ниту близу до нивото на неговиот сонародник.

Лик слика натпревари со 130 години стар апарат

Под наслов дигитална археологија, извесен Мајлс од Англија, страствен љубител на камерата, сликал раги меч со панорамска филмска камера произведена во 1830-те години!

Интересната кореографија на навивачите на Легија Варшава

Во 1. коло од Лига на Конференции, Легија Варшава направи изненадување и со 1:0 го совлада шпански Бетис. Навивачите на полскиот клуб, кои важат за едни од најжестоките во Европа, и овојпат направија необична кореографија. Ривалот Бетис беше од Андалузија, регион каде е започната фамозната корида, трка и борба со бикови.

Не бе овој Рудигер е циркузи

Откачено типче е Рудигер. Познат стана оној негов чуден начин на играње фластер кога му досаѓа на противникот со глава. Сега му одржа лекција на Ендрик, како треба да лежи за да не направи пенал. Малиов малку инает му тераше на почеток. 

Добра фора за индиректен удар во 16

Во 2. коло од Лига Конференции, дебитантот во еврокупови Серкл Бриж од Белгија со 6-2 го растури швајцарски Сент Гален. Еден од головите беше интересен, падна после индиректен удар во шеснаесетник.

Одлично деби на Нено Димитријевиќ во Евролига

Милано загуби на гости кај Монако 93-80 во 1. коло од новата сезона во елитната Евролига, а лидерот на македонската репрезентација Ненад Димитријевиќ за 24 минути на паркетот постигна 11 поени со 6 скока и 5 асистенции што беше еден од најдобрите учиноци во неговиот тим.

Тадиќ ја доби асистенцијата број 1 на вечерта

Фенербахче одигра 1:1 на гостувањето против Твенте откако Тадиќ фино го измами голманот на домаќините. Но аплаузите за израмнувањето ги заслужува најмногу Мароканецот Софиан Амрабат, кој му испорача топка во стилот на Андрес Иниеста. Асистенцииште за медал, преку цел тим.

Овие па Мегваер ги вади да не изгубат

Манчестер Јунајтед повторно и повторно има лош сезонски старт. Во Премиер лига имаат освоено 7 од можни 18 бода, а во Лига Европа одиграа 1:1 против Твенте дома и синоќа 3:3 на гости против Порто. И тоа до 20-та минута имаа водство од 0:2, а Хари Мегваер ги извади во 91-ва минута за да стигнат повторно до бод.

Лаказет ја искина мрежата на Ренџерс

Капитенот на Лион и француски репрезентативец Александар Лаказет синоќа влезе на листата најдобри Топ10 играчи во историјата на Лига Европа. Има 27 гола и 24 асистенции на 50 натпревари. Синоќа Олимпик Лион со 1-4 го прегази Ренџерс на гости а Лаказет и младиот Малик Фофана дадоа по два гола. Едниот на центарфорот беше мајсторија.

Кралот на зицерите - Тимо Вернер

Тотенхем некако го преброди гостувањето во Будимпешта кај Ференцварош во Лига Европа и славеше 1-2 со головите на Папе Матар Сар и Бренан Џонсон во 86-та минута. Тимо Вернер германскиот центарфор по којзнае кој пат промаши зицер како што само тој умее и никој друг.

Живи комедии со Марсело пред гол

Мечот меѓу Флуминезе и Крузеиро донесе акција со необична завршница по која Марсело имаше многу среќа што за влакно не си постигна гол. Да се збуни човек што ја гледа топкава, а не па да е во игра.

Дарко Чурлинов е јунак, го сруши Копенхаген среде Данска со гол во 98-минута

Македонскиот репрезентативец, Дарко Чурлинов не можеше да посака поубав кам бек на терените. Со гол во последните мигови му донесе 3 бода на актуелниот шампипон на Полска.

Пак заспал овој

И тоа во Сенатот на сред седница. Нема, изгледа му паѓа притисокот. Од многу лук веројатно. Типично за Клаудио Лотито.

Ѓоковиќ за допингот и Синер

Ѓоковиќ е во Кина, каде ќе го напаѓа Мастерс турнирот во Шангај. Во однос на актуелната допинг ситуација со која се соочува Синер, го искритикува системот во кој вели дека се вмешани многу тела и постои неконзистентност. Истовремено го пофали Италијанецот како во една таква тешка ситуација, успеал да игра на високо ниво и да освојува трофеи.

Талибанци гледаат одбојка

Да не речат после дека таму освен камшикување нема ништо друго. Одбојкарски натпревар во Авганистан. Со пристојна публика која не нарушува јавен ред и мир на карпести трибини.

Лацио извади опасно ретро со Пандев во ЛШ

3 октомври 2007. Како вчера да беше кога ја гледавме на МТВ. Горан Пандев со два комада против Реал Мадрид, за делириум на Олимпико.

Жено, додај ми ја скалата

Јуве Стабија е италијански второлигаш кој минатата сезона од трета се пласираше во втора лига. Сега го победиле лидерот на Серија Б Пиза и се на 5-то место. Тифозите сонуваат пласман во Серија А. И палат бакљи од терасите на зградата до стадионот.

Панчев и Кеба удрија на песна за Црвена Ѕвезда

Битката меѓу Интер - Црвена Ѕвезда беше повод за италијанските и српските медиуми да го побараат за интервју Златната копачка, кој инаку ги носеше и двата дреса. Во сред емисија Дарко го изненади популарниот Кеба со негова песна.

Супер атмосферата на Астон Вила - Баерн во Бирмингем

Баварците синоќа го претрпеа првиот пораз во сезоната и тоа во Лига на шампиони, на „Вила Парк“ од Астон Вила 1:0. Околу 5-6.000 навивачи на Баерн Минхен беа гласни на стадионот во Бирмингем но залудно затоа што Кејн и другарите изгубија. Поради грешка на Нојер. А домашните уживаат во прва Лига на шампиони после европската титула пред 42 години освоена токму против Баерн Минхен во финале.

Најјакото фудбалско име и презиме во регионов

Има 23 години, роден е во Травник, игра за нисколигаши во трета и четврта лига на Босна и Херцеговина. Настапувал за НК Јајце, за НК Подгрмец и сега е во Бајер 99. Ние му посакуваме што поскоро да дојде на позната фудбалска мапа.

Џејми Карагер го уништи Мика Ричардс со клип од неговите игри во Астон Вила

Имаме ново јако видео од студиото на „Си-Би-Ес“, а овој пат мета на потсмев е Мика Ричардс.