Откако го освои Лига Купот на Англија по историски триумф над Ливерпул во финале 1:2, Њукасл продолжи по победничка патека да брка место кое води во Лига на шампиони. Црно-белите синоќа го совладаа и давеникот Лестер 0-3 на гости. Играч на мечот беше Џејкоб Марфи кој постигна 2 гола, во 2-ра и 11-та минута а во 34-та минута имаше неверојатен обид од преку половина терен но топката заврши во пречката. На неа налета Барнс кој ги постави конечните 0-3.