Дошол Мемфис Депај во Бразил да прави бразилски финти, ама...

Триесет и едно годишниот холандски репрезентативец Мемфис Депај кој играше во гиганти како Манчестер Јунајтед, Лион, Барселона, Атлетико Мадрид и ПСВ Ајндховен, во септември 2024-та реши да се проба во бразилскиот фудбал. И добро му оди во Коринтијанс, веќе го освоил трофејот од регионалното првенство Паулиста. Ама во финалето на тој натпревар за титула Мемфис Депај направи еден потег поради кој го казниле.

Депај пред крајот на мечот додека Коринтијанс имал активен резултат, Мемфис Депај застанал да стои на топка во обид да имитира потег од познатата раскошна бразилска игра жога бонито. Противничките играчи биле бесни поради резултатот па настанал хаос...

Мемфис Депај добил жолт картон а сега и бил казнет од Бразилската фудбалска федерација, веројатно поради непочит кон ривалот.

„Јас навистина дојдов во Бразил за да од прва рака го искусам жога бонито, но сега Бразилската фудбалска федерација синоќа соопшти дека ниту еден фудбалер не може да стои на топка или во спротивно ќе добие жолт картон, како што беше одлучено откако јас правев рамнотежна на топката неколку секунди во последни моменти од финалето на Паулиста Купот.

Не дека тоа е многу важен фактор во фудбалот но не гледам проблем тука.

Бразилската фудбалска федерација се издигнува... и заслужува светска гледаност!

Има толку многу талент тука. Радоста и страста во начинот на кој се искажуваат себеси на теренот не смее да биде ограничена. Така што навистина се прашувам како изгледа управата на Бразилската фудбалска федерација? Кој одлучува за иднината на оваа убава фудбалска земја?

Ајде да се фокусираме на тоа кои правила може да го подобрат спортот и да се фокусираме на бизнис страната на фудбалот и каква корист од тоа имаат клубовите, навивачите и играчите наместо овие будалести соопштенија“.

7 април 2025 - 12:47