Offside

Експериментот со офсајд правилото на Венгер се смета за неуспешен и се очекува наскоро да биде официјално отфрлен. 

Литванците се чудат на подлата понуда на Евролига до Црвена ѕвезда и Партизан

Европските сајтови специјализирани за кошарка пред неколку дена пишуваа, а луѓе блиски до белградските евролигаши Црвена звезда и Партизан потврдија дека наводно Евролига им понудила сигурно тригодишно учество на црвено и црно-белите но под мизерни услови.

Надреалните бројки на Јокиќ на последните 6 меча

Го добил ли Јокиќ признанието за играч на сезоната и четврти пат или не, не е битно, бидејќи тој секако е МВП. Кошарката која ја игра Србинот во САД е необјаснива. 241 поен, 74 скока и 57 асистенции во рок од само 11 дена. Сезонава има 32 трипл дабл учиноци или вкупно 180 во кариерата (162 во регуларен дел од сезона и 18 во плејоф).

Сега ќе може да се пее УЕФА мафија, норвешки клуб ја доби УЕФА на суд

Арбитражниот суд за спорт (ЦАС) од Лозана досудил во корист на норвешкиот клуб Бран во спорот со УЕФА. Навивачите на овој клуб на натпревар од женската Лига на шампиони извадиле парола со натпис „УЕФА МАФИЈА“ и скандирале против европската куќа на фудбалот која првично ги казни.

Четворица за глава за држеа поради утката против Челси

Брентфорд и Челси го одиграа најдосадниот резултат во фудбалот, а највиновен за тоа е Сеп ван ден Берг, кој на 10 минути до крај можеше, односно мораше да ја реши. Се чудеа и соиграчите и коментаторите, а тој самиот се држеше за глава откако сфати што промаши.

Лука Дончиќ го растури најдобриот тим во НБА сезонава, па му честиташе и на Реал Мадрид

Кошаркарите на Лос Анџелес Лејкерс убедливо 126:99 на гости ја совладаа Оклахома Сити Тандер, најдобрата екипа сезонава во регуларниот дел од НБА лигата која е апсолутен лидер на табела по број на победи.

Виетнамска будалаштина од паркинг

Ај што го начека голманот подизлезен, ама и не се гаѓа ова секој ден. Многу луд гол.

Бернардески ги суреди другарите на Меси како на мал фудбал

Интер Мајами и Торонто одиграа 1:1 во МЛС. За домаќините стрелаше Меси, но погледнете го Федерико Бернардески колку мангупски се снајде во шеснаесетник. Ги реши сам против сите.

Трипл дабл број 32 сезонава за Јокиќ, го мина Вилт Чембрлен

Нов натпревар, нова симултанка на Никола Јокиќ кој сам и играше на Индијана Пејсерс со учинок од 41 поени, 15 скокови и 13 асистенции. Денвер сепак го забележа четвртиот пораз во низа, овој пат со 120:125. За Србинот ова е 32-ри трипл дабл сезонава, со што го мина Вилт Чембрлен кој беше рекордер меѓу центрите со 31.

Величествен момент во НХЛ - Овечкин стана најдобар стрелец во историјата, го надмина Вејн Грецки

Најдобриот руски хокеар во историјата, Александар Овечкин го постигна со години чеканиот рекорден 895-ти гол во најдобрата светска хокеарска лига НХЛ и на тој начин го надмина досегашниот рекорд на легендарниот Вејн Грецки кој имаше 894 погодоци.

Миле Свилар парадериште

Со каскадерска парада, српскиот голман Миле Свилар го спречи Јувентус да дојде во водство рана фаза од дербито Рома - Јуве на „Олимпико“. Некогашниот голман на Бенфика се фрли како пантер по еден обид со глава на Гонзалес. Подоцна Јуве поведе со евроголот на капитенот Мануел Локатели, прв негов после неколку месеци. Рома израмни на 1-1 на старт на вториот дел преку нововлезениот Шомуродов.

Фантастичен гол на Локатели за Јуве против Рома

Првиот дел од дербито на колото, во Рим, меѓу Рома и Јувентус им припадна на гостите. Бјанконерите водат 0-1 со прекрасниот гол на капитенот Мануел Локатели од далечина, со преубав волеј.

Нов гол на Елмас, овој пат атрактивно со лева

На Елиф Елмас му тргна ептен во Торино. Овој пат на гостувањето против Верона, израмни во 67-ма минута со што го спаси својот тим од пораз. Торино - Верона конечни 1:1. Четврти гол на македонскиот репрезентативец откако направи кам бек во Серија А во јануари.

Несакајки а?

Интер не успеа да ја совлада Парма на гости и одигра нерешено и покрај тоа што имаше 2:2. Вториот гол за гостите го постигна Маркус Турам. Неговата реакција кажува сè.

Судија во сендвич

Барселона и Бетис одиграа 1:1. Реал дома киксна со Валенсија 1:2 и сега разликата на врвот е +4 во корист на каталонците. Судијата се најде во непријатна ситуација меѓу Гави и Љоренте, па дури и можеше посериозно да се повреди. Камерите уловија смешкање во ВИП ложата кај лицата на Жоакин и Лапорта.

Мајсторе, влезе ти во топ 5 голови на годината, готово

Филип Отеле од Базел се отвори како никој во Швајцарија оваа сезона. Ова е сериозна конкуренција за наградата Пушкаш.

Бидна и тоа, ракометарите на Барселона изгубија дома после 7 години!

Ракометарите на Барселона имале спремно сè за малото каталонско дерби против Гранољерс во шпанската ракометна лига да го претворат во журка со која ќе ја прослават 15. јубилејна титула по ред во шпанскиот ракомет. Ама ривалот им ја расипал забавата.

Англија vs Малдини, Неста, Канаваро, Гатузо и Буфон

Налетавме на клип од пријателска меѓу Италија и Англија, одиграна во 2000-та. Имињата се кој од кој. Англичаните уствари си имаат работо со министерство за одбрана. Топка таму поминува, ама човек не. Знаете кој го реши мечот? Гатузо. И тоа со еврогол, кој му е единствен на 73 репрезентативни настапи.

Број 1 имитатор на Роналдо

Го кине скроз, ама не само во начинот на прослава на головите. Погледне колку јако му го копира слободниот удар.

Бегајте сите, доаѓа Шек

Е така беше со него. И да не играш, треба да се пазиш ако си во негова близина. Погледне како се празни цела клупа.

Женска лекција во изведување слободен удар

Филипа Ангелдал од Шведска ќе им покаже на дамите во фудбал како се изведува слободен удар. Голманката на Италија не мрдна.

Ја имаме ли најглупавата техничка грешка во историја?

Не сме виделе вака некој да реагира на слободни фрлања. Што ли сакаше да постигне?

Како е да се игра фудбал во најспорната земја во светот?

Талентот за фудбал во Гренланд расте повеќе од тревата, често заглавена во барички, остатоци од глина и снег. Имаат проблеми и со финансии и самоодржување. Во 2010-та ги посетил Блатер. Од тогаш живи ги нема, ни ФИФА, ни УЕФА. Стадион? Замрзнат е во најголемата санта мраз: бирократската. 

Навивачи на Лос Анџелес го исмевале големиот Меси

На првиот натпревар од шампионскиот Куп на КОНКАКАФ за Северна и Средна Америка, Лос Анџелес синоќа со 1-0 го победил Интер Мајами. Стрелец на голот бил Натан Ортаз во 57' минута. За тимот од Мајами играле и Меси и Луис Суарез и Жорди Алба и Серхио Бускетц. На трибините домашни навивачи извадиле навредливо знаме за Лионел.