
Во борба за слобода на говор, норвешки Бран ја победил УЕФА на суд. Клубот бил казнет со 5.000 евра од УЕФА минатата година поради тоа што на домашниот натпревар на женската екипа на Бран против Сент Полтен од Австрија, домашните навивачи скандирале УЕФА мафија и имале таква парола.
Судот во Лозана прифатил дека имало сатирична намера во скандирањето и дека „не може да се смета за навредливо или провокативно“ како што УЕФА навела во опис на казната од дисциплинската комисија, соопштил Бран на својата интернет страница.
„„Презадоволни сме со одлуката на ЦАС“, рекол претседателот на Бран Аслак Свердруп и продолжил: „Не секој ден клуб од Европа ја дрма цела фудбалска Европа, но денес ние го сторивме тоа. Во свет каде слободата на говор е под закана, најважно е исправно да се раководи“.
Клубот во соопштение напишал:
„ЦАС се согласува дека употребата на терминот „УЕФА мафија“ мора да се сфати како референца на УЕФА како затворен круг на луѓе кои вршат голема контрола над одредена општествена ареа - тоа е како сатиричко и силно критична парола“.