Величествен момент во НХЛ - Овечкин стана најдобар стрелец во историјата, го надмина Вејн Грецки

Најдобриот руски хокеар во историјата, Александар Овечкин го постигна со години чеканиот рекорден 895-ти гол во најдобрата светска хокеарска лига НХЛ и на тој начин го надмина досегашниот рекорд на легендарниот Вејн Грецки кој имаше 894 погодоци.

Капитенот на Вашингтон, Александар Овечкин го постигна единствениот гол на мечот против Ајлендерс кој домаќините го добија 4-1 и влезе во историјата како апсолутен рекордер кој тешко некој да го достигне во скоро време.

39-годишниот Русин, капитенот на Вашингтон Овечкин се најде на насловните страни на многу спортски медиуми откако конечно го урна деценискиот рекорд на култниот Вејн Грецки, рекорд стар дури 31 година!

Претходниот рекорд Вејн Грецки го постави во 1994-та година кој претходно го надмина рекордот на Горди Хау од 801 погодок. Уште поневеројатно звучи фактот дека Русинот Овечкин постави нов рекорд со 895 гола на ист број натпревари во кариерата (1.487) колку што одиграл и Вејн Грецки (894 гола, 1.487 натпревари).

На трибините била сопругата на Александар, Татјана Овечкина а интересно тука во ложата бил и легендарниот Вејн Грецки чиј рекорд бил урнат.

Во прекрасната „УБС Арена“ на Њујорк Ајлендерс картите за легендарниот натпревар изнесувале од 275 долари до 600 долари а на трибините бил и комесарот на НХЛ, Гери Бетман.

Натпреварот по голот на Овечкин беше привремено прекинат со цел да се одбележи новиот неверојатен рекорд на Русинот. Сите хокеари направија шпалир и му честитаа.

После натпреварот Овечкин го прославил рекордот со екипата и со своето семејство.

Капитенот на Вашингтон Капиталс има 39 години. Тој сезонава ја започна со 853 погодоци во НХЛ лигата на своето конто но кога постигна 15 гола на првите 18 средби од сезоната, сериозно ја запали јавноста дека може да го стигне рекордот на Грецки. Неговиот подвиг е до толку поголем што тој често беше и повредуван во кариерата а го погоди и глобалната пандемија поради која и хокејот едно време стопираше.

Во ноември Овечкин имаше скршена фибула на едната нога па паузираше околу пет недели но по враќањето постигна четири гола на првите негови пет натпревари.

ТОП10 НАЈДОБРИ СТРЕЛЦИ ВО ИСТОРИЈАТА НА НХЛ:

1. АЛЕКСАНДАР ОВЕЧКИН (895)
2. Вејн Грецки (894)
3. Горди Хау (801)
4. Јаромир Јагр (766)
5. Брет Хул (741)
6. Марсел Дионе (731)
7. Фил Еспозито (717)
8. Мајк Гартнер (708)
9. Марк Месиер (694)
10. Стив Изерман (692)

СЛАВНА КАРИЕРА ВРЕДНА ИГРАН ФИЛМ

Рускиот хокеар роден во Москва на 17-ти септември 1985-та од татко Михаил, фудбалер и од мајка Татјана Овечкина, двократна олимпијска шампионка (1976 и и 1980) во кошарка, Александар уште од рана возраст почнал да се интересира за спорт. Тој често играл со неговите постари браќа Сергеј и Михаил.

Кариерата ја започнал во сезоната 2000/2001 кога за рускито хокеарски гигант Динамо Москва постигнал четири гола на 21 натпревар. Одиграл три сезони и дал вкупно 36 гола и имал 32 асистенции на 21 натпревар за Динамо Москва пред да биде драфтуван во НХЛ лигата како прв пик на драфтот во 2004-та. Го одбраа Вашингтон Капиталс и од тогаш е член на овој клуб, со исклуучок на сезоната 2012/2013 кога се врати на кратко во Динамо Москва.

За репрезентацијата на Русија има 106 настапи со 45 гола и 34 асистенции. Шампион во НХЛ лигата стана во 2018-та кога го освои вредниот Стенли Куп трофеј. 13 пати учествувал на Ол-Стар натпреварот во НХЛ а 8 пати е биран за првотимец на Ол-Стар натпревар.

Со Русија има 3 светски шампионски титули (2018, 2012, 2014).

7 април 2025 - 08:08