Литванците се чудат на подлата понуда на Евролига до Црвена ѕвезда и Партизан

Европските сајтови специјализирани за кошарка пред неколку дена пишуваа, а луѓе блиски до белградските евролигаши Црвена звезда и Партизан потврдија дека наводно Евролига им понудила сигурно тригодишно учество на црвено и црно-белите но под мизерни услови.

Шампионот на регионалната АБА лига веќе неколку години има загарантиран влез во Евролига но за учество таму треба да плати најмалку 1 милион евра партиципација. Оваа сума не ја плаќаат другите клубови кои се сопственици на самата Евролига односно имаат мнозински пакет акции во истата. Практично се сами на себе газди.

Црвена звезда и Партизан не се меѓу овие клубови па од година вгодина плаќаат прилично многу, а не добиваат повратно ништо од Евролига.

Но на Евролига и тоа како ѝ се потребни белградските клубови кои се најгледани во текот на целата сезона, прават луда атмосфера за која луѓе од сите страни на светот доаѓаат да ја видат во живо. Амбиентот од Белградска Арена кога играат Звезда и Партизан е уникатен а Евролига ги преполнува своите друштвени мрежи (Твитер, Инстаграм, Фејсбук) со видеа и фотографии од натпреварите во Белград.

Сега наводно Евролига им понудила тригодишно загарантирано учество со срамна понуда Звезда и Партизан да платат дури 5 милиони за тоа, но за возврат да не добијат ни трошка од колачот кој се дели од тв права, маркетинг, реклами, спонзорства и слично.

Навивачите на Звезда и Партизан во старт биле шокирани од оваа понуда на Евролига и побарале од своите клубови ни под разно да не ја прифатат, па макар од следната сезона да го играат ФИБА Еврокупот со помалку познати клубови во него.

Познатиот кошаркарски подкаст на новинарите од Литванија од сајтот Баскетњуз, Донатас Урбонас, Аугустас Шулијаускас и Гитис Блажевичиус исто биле изненади од срамната понуда на Евролига:

„Искрено бев шокиран. Не знам за вас, зошто Евролига не им нуди ништо освен дека ќе бидат тука три години сигурно. Но последните неколку години (Звезда и Партизан) секако се тука на овој или оној начин. Размислуваат така зошто сакаат да ги задржат белградските тимови, потребни им се навивачите, дербито, сите тие нешта на друштвените мрежи. Кој ќе ги завземе нивните места? Од никој не можете тоа да го добиете.

На Евролига ѝ се потребни овие два тима, но да платат толку пари само за да учествуваат, а веќе учествуваат и онака... Би имале сега гаранции, но мислам дека Евролига е малку подмукла. Каде српските тимови ќе завршат на крај? НБА проект спомнаа толку тимови но ниту еднаш не слушнавме дека се повикани грчки или српски клубови. Можеби ова е само почетна точка на преговорите, но на Евролига и се потребни овие тимови“, вели Аугустас.

Потоа свое мислење дал и Урбонас:

„Евролига сега ја користи својата позиција на моќ, зошто српските клубови немаат друга опција. Како да се присилине да го прифатат овој договор“.

Блажевичиус вели:

„На страна сум на српските навивачи. Единствено што не разбирам е што Евролига не им нуди на српските клубови да бидат еднакви како и сите клубови со „А“ лиценца, да имаат право на глас, дел од ТВ права, маркетинг. Што ги спречува во тоа? Дали е тоа поради стални казни и кршење правила за безбедност на натпреварите?

Да сум од НБА Европа, би дошол и би им понудил на Партизан и Звезда кои носат толку ангажман на друштвените мрежи, да прејдат во овој преокт. И со самото тоа ќе свртите вниамение кон себе, а и на нив. Имате повеќе пари од Евролига, имате гарантирано место. Тоа би го сторил да се прашувам јас. Евролига очигледно има своја политика и не се тука да ги чекаат српсктие клубови со отворени раце.

Ќе го заклучам ова видео со она што многумина ќе го кажат во коментари: Евролига мафија“, рекол Блажевичус.

 

7 април 2025 - 11:01