Фенербахче со 4-1 го разби Трабзонспор во дербито на колото во турската Суперлига и ја задржа негативата од само -3 бода зад лидерот Галатасарај. Бразилецот Андерсон Талиска постигна хет-трик за само 26 минути а еден од головите ќе му биде кандидат за најубав во турскиот фудбал сезонава.