
Мајкл Мелоун веќе не е тренер на Денвер Нагетс, а Келвин Бут веќе не е генерален менаџер. Тоа е одлуката на управата на некогашниот НБА шампион.
В.д. тренер на Нагетс ќе стане помошникот на Мелоун, Дејвид Аделман. Денвер претрпе четири порази по ред и во моментов е на 4-то место во Западната конференција со учинок 47-32. Екипата игра слабо во последно време а Никола Јокиќ потврди со изјавата дека нешто не е во ред со играта, дека не се читаат добро со Расел Вестбрук и дека не му е јасно зошто е тоа така.
Мајкл Мелоун беше најуспешен тренер во историјата на Денвер Нагетс. Тој ја презеде екипата во 2015-та година и во 2023-та ја водеше до шампионска титула, благодарение најмногу на неверојатниот српски репрезентативец Никола Јокиќ.
Мелоун има 471 победа и 327 порази како тренер на Денвер Нагетс.
Отказот е потврден денес на заседанието на управата на Нагетс, на 10 дена до почетокот на плејофот.
Оваа одлука доаѓа по катастрофалните резултати на Денвер во изминатиов период, Нагетс има пет порази а се појавија и снимки на кои обично мирниот Никола Јокиќ фрустрирано реагира и вика на клупата за резерви додека одмора и ги гледа соиграчите.
Пред почетокот на сезоната, ЕСПН пишуваше дека тренерот Мајкл Мелоун и генералниот менаџер Калвин Бут не биле во добри односи односно дека биле во „студена војна“ и не разговарале соработувале како што треба.
Откако Денвер Нагетс ја освои титулата, се ослободи од Кентавиус Колдвел-Поуп и Брусе Браун минатото лето а во тимот поголеми улоги добија младите Кристијан Браун и Пејтон Вотсон околу стандардните Јокиќ, Мареј и Арон Гордон.
„Одлуката не беше донесена лесно и беше евалуирана многу внимателно, и ние ја донесовме само со намера да и дадеме на нашата група најдобра шанса да се бори за титулата во НБА сезонава 2025 и да донесе нова титула на Денвер и на нашите навивачи насекаде.
„Нема зборови со кои може да му изразиме благодарност на тренерот Мелоун за тоа што го направи откако и се приклучи на нашата франшиза во 2015. Со најголем респект сакаме да му се заблагодариме на тренерот Мелоун за најуспешнат деценија во историјата на Денвер Нагетс, за тоа што постави победнички рекорд на сите времиња во клупската историја и помогна во освојување на првата титула на Денвер.“, рекол потпретседателот на клубот Џош Кроенке.
Што се однесува до генералниот менаџер Бут, тој на оваа позиција во Денвер Нагетс седна пред три сезони откако Тим Конели замина во Минесота Тимбервулвс. Бут инаку бил осум години во клубот, а во првата сезона како генерален менаџер имал удел во групата која под водство на Никола Јокиќ ја освои шампионската титула во 2022/2023.
Интересно Никола Јокиќ ќе продолжи понатаму без единствениот тренер кој досега го водеше во текот на целата НБА кариера.
The Denver Nuggets have relieved Head Coach Michael Malone of his duties and will not extend General Manager Calvin Booth.
— Denver Nuggets (@nuggets) April 8, 2025
David Adelman will assume our head coaching role for the remainder of the 2024-25 season.
Full Release: https://t.co/d176KtKK5w pic.twitter.com/dMYlxIqoCl