Изјавата на Јокиќ за отпуштениот тренер Мелоун

Никола Јокиќ и Мајкл Мелоун имаат посебен однос, станаа одлични семејни пријатели и соработници на паркетот и надвор од него. Освоија титула во 2023-та година па Јокиќ сега даде прва изјава по отказот кој го доби тренерот Мелоун од управата.

Epa Images
Epa Images
Photo: Epa Images

Денвер Нагетс синоќа конечно победи и ја прекина серијата од четири порази по ред. Со нова фантастична партија на српскиот репрезентативец Никола Јокиќ кој го забележа 33-от сезонски трипл-дабл, Денвер Нагетс го победи Сакраменто Кингс 124:116.

Нагетс сега се во добра позиција да го сочуваат местото кое води директно во плејофот и да избегнат плеј-ин разигрување.

На новинарско прашање Јокиќ после мечот зборувал и за отпуштениот тренер Мајкл Мелоун кого го отпушти семејството Кренке, сопственици на Денвер.

„Тоа е дел од спортот. Луѓето доаѓаат и си одат. Меѓутоа со Мелоун имав посебна врска од десет години. Поминавме се и сешто заедно. Освоивме и титула, имаме навистина неверојатни спомени. Но тоа сè е дел од спортот. 

Знаев малку пред другите. Џош (Кренке) ми кажа: 'Одлучивме', така што немаше многу дискусија. Беше тоа одлука и ми кажа зошто. Слушав и го прифатив тоа“, изјавил Јокиќ и пратил порака до ривалите:

„Сите велат дека сме ранливи. Но ѕверот е најопасен кога е ранет. Можеби тој го разбуди ѕверот“.

 

10 април 2025 - 09:35