Една акција, триста заврзлами

Во првиот натпревар од 1/4 финалето во Лига Европа Ренџерс и Атлетик Билбао одиграа 0-0. Домаќините уште од 13-та минута играа со играч помалку по директниот црвен картон кој го доби Робин Пропер. Баскијците во 80-та минута дадоа гол преку Беренгер но тогаш настана прав циркус. Судијата прво го поништи по гледање ВАР поради наводно играње со рака но забележал дека во текот на акцијата домашниот фудбалер Стерлинг играл со рака. Досуди пенал а пеналот кој го изведе Ињаки Вилијамс го одбрани голманот Кели.

А навивачите на Ренџерс пред натпреварот, пред стадионот „Ајброкс“ направиле сјајна атмосфера: 

11 април 2025 - 10:02