Евроголот на Калулу на вечното белградско дерби

Во српската Супер лига одамна сè е јасно во однос на шампионската титула, затоа што Црвена звезда на вечниот ривал Партизан му бега дури 23 бода на табелата. Од таа причина денешното вечно дерби на стадионот „Рајко Митиќ“ помина со најмалку гледачи во последните неколку сезони. Партизан поведе прв со евроголот на Алдо Калулу во 39' минута. Црвена звезда израмни од пенал преку Андрија Максимовиќ во 84' минута а целосен пресврт донесе Бруно Дуарте за победа 2-1 во 86' минута.

12 април 2025 - 17:43