Бока Јуниорс синоќа со гол во 90+5' минута на ветеранот Енер Валенсија се искачи на прво место и ја освои таа нејасна титула на полусезона. А на друг стадион во Розарио, навивачите на Сентрал славеа победа и титула но кога слушнаа вест од Буенос Аирес паднаа во очај.
На натпреварот од Премиер лигата помеѓу Болтон и КПР, судиите повторно не видоа чист гол по што Фудбалската асоцијација на Англија побара забрзано имплементирање на видео технологија во фудбалот. Дали на фудбалот му е потребна ваква голема промена и дали таа треба да се применува само на гол линијата или и за други спорни ситуации?
Параноичните Британци ќе ангажираат 70 специјалци кои 12 часа на ден ќе трчаат со носачите на олимпискиот факел со цел да спречат можни диверзантски акции.
Најдобриот стрелец во првиот дел на сезоната од македонската Првата фудбалска лига, Филип Ивановски со своето интернационално искуство ќе се обиде да ви помогне при составување на вашиот обложувачки тикет на колото.
Уживајте во најдобрите 10 голови за изминатата недела од целиот свет, меѓу кои се мајсториите на Ешли Јанг, Робин Ван Перси, Хулк, како и велеслаломот на Нејмар.
На денот кога клубот прослави 104 години постоење, фудбалерите на Интер конечно ја прекинаа црната серија од девет натпревари без победа. Наполи го совлада Каљари на натпревар со девет голови, но во листата на стрелци не се запиша Горан Пандев.
Иван Тричковски и неговиот тим АПОЕЛ ја изненадија Европа со пласманот во четврт-финалето од Лигата на шампиони, но изненадувањето е уште поголемо ако се знае дека успеаја тоа да го сторат со буџет од само 10 милиони евра.
Тони Блум е блиску до остварување на својот сон да има свој сопствен клуб во англиската Премиер лига. Тој тоа ќе го оствари со пари заработени од покер и обложувалници.
Главните фаворити за освојувањето на трофејот од Лига Европа, екипите од Манчестер, имаа лош ден. Сити минимално загуби на гостувањето кај Спортинг Лисабон, а Јунајтед на домашен терен беше надигран од Атлетик Билбао.
Меси постигна пет гола против Баер и ги освои насловните страници во целиот свет. Нејмар го прифати предизвикот и неколку часа подоцна возврати со хет-трик, а два од головите беа вистинско ремек-дело.
На 24 години Лионел Меси има освоено скоро сé што може да се освои во фудбалот и е блиску до уривање на скоро сите клупски и европски рекорди со постигнување голови.
Иван Тричковски со АПОЕЛ на пенали го елиминираа Лион и се пласираа помеѓу најдобрите осум екипи во Европа, а неверојатниот Лионел Меси се запиша во историјата на Лигата на шампиони со „петардата" при победата на Барселона над Баер Леверкузен од 7:1.
Богатите катарски сопственици на францускиот клуб ПСЖ во следните пет години ќе го размрдаат трансфер пазарот со инвестирање на 500 милиони евра за нови засилувања.