За време на натпреварот против Спортинг Хихон, Барселона остана со играч помалку по исклучувањето на Пике, а потоа Гвардиола беше принуден и да прави измени откако се повреди Алексис Санчез.
Тренерот на Барселона збесна и му се „истури" на Санчез при неговото напуштање на теренот. Тој луто му довикуваше повеќе да ја користи главата, а беше спомната и мајка му.
Една од причината за бесот на Гвардиола е тоа што Чилеанецот само два дена претходно ги одигра сите 90 минути на пријателскиот натпревар за својата репрезентација против Гана.