Шеиците ќе инвестираат 500 милиони евра во ПСЖ

Богатите катарски сопственици на францускиот клуб ПСЖ во следните пет години ќе го размрдаат трансфер пазарот со инвестирање на 500 милиони евра за нови засилувања.

Шеиците од Катар кои минатата година го купија ПСЖ, нема да штедат пари во својата намера да го вбројат својот клуб помеѓу најдобрите во Европа. Тие тоа го докажаа откако ги претркаа Челси во купувањето на Хавиер Пасторе од Палермо за кого потрошија 42 милиони евра, а во јануарскиот преоден рок за малку не го купија Пато од Милан.

А дека парите не се проблем за богатите шеици, потврди и самиот претседател Насер Ал Келаифи кој за Gazzetta dello Sport изјави дека во следните пет до шест години ќе инвестираат по 100 милиони евра за нови засилувања.

Овие бројки се нормални за клуб кој сака да биде на врвот. Планираме да инвестираме многу и тоа веднаш“, вели Ал-Келаифи.

Според претседателот на клубот, потенцијални засилувања за тимот предводен од Карло Анчелоти се Гонзало Игуаин од Реал Мадрид, Фернандо Торес од Челси и Луис Суарез од Ливерпул. Тие ќе се обидат да ги доведат овие фудбалери уште во следниот летен преоден рок.

7 март 2012 - 12:58