
Навивачите на Интер скоро и да заборавија што беше тоа победа. Последен пат тие се израдуваа на три поени на 22 јануари кога Интер го победи Лацио со 2:1. По пауза од месец и пол, односно седум натпревари во Серија А, еден во купот и еден во Лигата на шампиони, Интер конечно победи и тоа на денот кога пред 104 години беше оформен овој клуб.
Интер немаше победа на последните четири гостувања во Верона кај Киево и малку фалеше црната серија да продолжи и денес. По неискористениот пенал на Милито и неколкуте нереализирани шанси, конечно им тргна во самиот финиш.
Најпрвин Самуел на три минути пред истекот на регуларните 90 минути го доведе Интер во водство, а конечниот резултат го постави Милито во последната минута.
Горан Пандев го одигра целиот натпревар за Наполи, но тој не беше стрелец на ниту еден од шестте голови при победата од 6:3 над Каљари.
Ова беше петти триумф во серија за Наполи, а во листата на стрелци се запишаа Хамшик, Канаваро, Лавеци, Гаргано и Маџо, како и Астори со автогол, а честа на гостите ја спаси Ларивеј со хет-трик.
Пандев беше асистент при постигнувањето на последниот гол за Наполи во 84-та минута.
Серија А, 27. коло:
петок:
Киево - Интер 0:2
Самјуел 87, Милито 90
Наполи - Каљари 6:3
Хамшик 10, Канаваро 19, Астори 30аг, Лавеци 56п, Гаргано 70, Маџо 84 - Ларивеј 37, 77, 90
сабота:
Палермо - Рома 20:45ч
недела:
Милан - Лече 15ч
Аталанта - Парма
Катанија - Фиорентина
Чезена - Сиена
Џенова - Јувентус
Лацио - Болоња 20:45ч
Новара - Удинезе